Валандовски земјотрес (1931)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Валандовски земјотрес (1931)
Весникот „Политика“ од 10 март 1931 г. со вест за пристигнувањето на Александар I Караѓорѓевиќ во областа на земјотресот.
Карта
Епицентар на земјотресот.
Датум 8 март 1931
Време 01:50:00 CET
Траење 3 минути
Магнитуда 6,7 ML
Длабочина 16 км
Епицентар Марвинци (41°16′54″N 22°28′59″E / 41.28175° СГШ; 22.483° ИГД / 41.28175; 22.483)
Зафатени земји/подрачја Кралство Југославија
Жртви 31 загинат, 82 повредени

Валандовски земјотрес од 1931 година — природна катастрофа која го погодила градот Валандово околу полноќ помеѓу 7 март и 8 март 1931 година. Од низата земјотреси најразорниот од нив се случил во 01:50 часот.[1]

Сеизмичност на областа[уреди | уреди извор]

Валандовското епицентрално подрачје има голема сеизмичност, што може да се забележи од големиот број на случени земјотреси во периодот 1900-2016 година. На ова подрачје често се случуваат слаби земјотреси со магнитуда ML <3 и ретка појава на умерени до силни, како што бил случајот во 1931 година. На 7 и 8 март 1931 година се случиле девет земјотреси со магнитуда од 4,0 до 6,7, од кои двата поголеми од 6,0. Едниот од нив, воедно е и најсилниот досега познат земјотрес во ова подрачје, со магнитуда од 6,7 степени и длабочина на хипоцентарот од околу 16 километри. Силината на овој земјотрес имала разурнувачка моќ на релативно голема површина. Интензитет од VIII степени бил почувствуван дури на 50 километри од епицентарот, а во потесното епицентрално подрачје земјотресот бил почувствуван со интензитет од IX и X степени според Европската макросеизмичка скала.[1]

Карактеристично за ова подрачје е појавата на афтершокови во релативно долг период по секој силен земјотрес. Така, по земјотресите во 1931 година, неколку години имало голем број на слаби и умерени земјотреси.[1]

Последици[уреди | уреди извор]

Катастрофата предизвикала релативно малку човечки жртви, или 31 загинати и 82 ранети. Најмногу луѓе настрадале во селото Пирава каде жителите непосредно пред земјотресот се скриле во куќите затоа што врнело дожд.[2]

Земјотресите оштетиле околу 45 населени места, од кои 29 во најтесното епицентрално подрачје, околу градот Валандово, и 16 во неговата непосредна околина, главно областа околу Струмица.[1]

Во самото епицентрално подрачје скоро целосно биле уништени околу 90% од севкупните градби, додека во непосредната околина на Валандово се уништени околу 40% од градбите.[1]

Исто така, голем број села од тогашните срезови: Неготински, Дојрански, Струмички и Гевгелиски биле тешко оштетени.[1]

Материјалната штета, иако се протегала на поголемо подрачје, не била финансиски голема затоа што се уништиле релативно мали и сиромашни населби.[2]

Настрадани населени места[уреди | уреди извор]

Срамнети со земја Тешко оштетени
Пирава Богородица
Караѓорѓево Стојаково
Валандово Богданци
Балинци Негорци
Брајковци Моин
Грнчиште Кованци
Удово Коњско
Градец Терменин
Миронче Хома
Милетково
Ѓавато
Демир Капија
Давидово
Благуш
Смоквица

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Порта3 (2017-12-21). „Разурнувачкиот земјотрес во Валандово од 1931 година“. Порта3 - градежништво, архитектура и екологија. Посетено на 2021-10-08.
  2. 2,0 2,1 „Скопје, Катастрофа што го возбуди целиот свет“, Јован Пешиќ, Народна задруга (Панде Ташковски), 1963 г., Скопје

Поврзано[уреди | уреди извор]