Прејди на содржината

Автомобилски регистарски таблички во Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Македонска табличка (февруари 2019—)
Македонска табличка (2012 — 2019)
Македонска табличка (1993 — 2012)
Тековни регистарски кодови по општини (2020—)
Регистарските кодови по општини во раздобјето 2019 — 2020
Регистарските кодови по општини во раздобјето 2015 — 2019
Регистарските кодови по општини во раздобјето 2013 — 2015
Регистарските кодови по општини во раздобјето 2012 — 2013
Регистарските кодови по општини во раздобјето 1993 — 2012

Автомобилските регистарски таблички во Македонија се состојат од сина лента во левиот дел од табличката на која стои код NМК (пред февруари 2019 МК), регионален код со две букви, правоаголно поле во кое се испишани регионалниот код и двозначниот алфа-код на кирилица, четирицифрен бројчен код и двозначниот алфа-код (на пример: SK1234 AB).
Новите таблички започнале да се издаваат од 20 февруари 2012 година, најпрвин во Скопје, а потоа и во другите градови.

Цена за нова табличка изнесува 1.200 денари.[1]

Како последица на Преспанскиот договор, од февруари 2019 година на табличките наместо меѓународниот код MK, доделен од ISO, се користи кодот NMK.[2]

Времеслед на регистрационите подрачја

[уреди | уреди извор]
  • Од 1993 до 20 февруари 2012 година, постоеле десет регистрациони подрачја чии ознаки биле: BT, GV, KU, OH, PP, SK, SR, ST, TE и VE.
  • На 20 февруари 2012 година, покрај десетте постојни регистрациони подрачја, биле воведени седум нови чии ознаки биле: GE, KA, KI, KO, KP, RA и SU.
  • На 1 март 2013 година, покрај седумнаесетте постојни регистрациони подрачја, биле воведени шест нови чии ознки биле: BE, DE, NE, RE, SN и VI.
  • На 1 септември 2013 година, покрај дваесет и трите постојни регистрациони подрачја, било воведено едно ново со ознака: VV.
  • На 4 јули 2015 година, покрај дваесет и четирите постојни регистрациони подрачја, биле воведени седум нови со следните ознаки: DB, DK, MB, MK, KR, PS и VA.
  • На 30 мај 2019 година, покрај триесет и едното регистрационо подрачје, биле воведени две нови со следните ознаки: DH и KS.
  • На 1 јуни 2020 година, покрај триесет и трите постојни регистрациони подрачја, било воведено едно ново со ознака: PE.

Автомобилски регистарски таблички

[уреди | уреди извор]

Со најновите измени на Правилникот за регистрационите подрачја од 31 мај 2020 година, во Македонија има 34 регистрациони подрачја.[3] Во следната табела се подредени според нивниот латиничен код:

КодРегионОпштини покриени со кодотИзглед
BEБеровоБерово
BTБитолаБитола, Mогила, Новаци
DBДебарДебар, Центар Жупа
DEДелчевоДелчево
DHДемир ХисарДемир Хисар
DKДемир КапијаДемир Капија
GEГевгелијаБогданци, Гевгелија, Дојран
GVГостиварВрапчиште, Гостивар, Маврово и Ростуше
KAКавадарциКавадарци, Росоман
KIКичевоКичево
KOКочаниЗрновци, Кочани, Чешиново-Облешево
KRКратовоКратово
KPКрива ПаланкаКрива Паланка, Ранковце
KSКрушевоОпштина Крушево
KUКумановоКуманово, Липково, Старо Нагоричане
MBМакедонски БродМакедонски Брод, Пласница
MKМакедонска КаменицаМакедонска Каменица
NEНеготиноНеготино
OHОхридДебрца, Охрид
PPПрилепДолнени, Кривогаштани, Прилеп
PEПехчевоПехчево
PSПробиштипПробиштип
RAРадовишКонче, Радовиш
REРесенРесен
SKСкопјеГрад Скопје; Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец, Сопиште, Студеничани, Чучер-Сандево
SNСвети НиколеЛозово, Свети Николе
SRСтрумицаБосилово, Василево, Ново Село, Струмица
STШтипКарбинци, Штип
SUСтругаСтруга
TEТетовоБоговиње, Брвеница, Желино, Јегуновце, Теарце, Тетово
VAВаландовоВаландово
VEВелесВелес, Градско, Чашка
VIВиницаВиница
VVВевчаниВевчани

Неважечки регистарски кодови

[уреди | уреди извор]
Код Локација Забелешки
TV Титов Велес Заменето со VE (Велес) кога дотичниот град бил преименуван.

Други таблички

[уреди | уреди извор]
  • Дипломатските таблички се состојат од: буквен код на државата (NMK), бројчен код на државата или странската организација, буквите CD, серискиот број и годината на издавање.

Список на кодови на дипломатски тела и меѓународни организации

[уреди | уреди извор]
Код Држава или меѓународна организација
01  Словенија
02  Турција
03  Обединето Кралство
04  Германија
05  Данска
06  Кина
07  Бугарија
08  Шведска
09  Франција
10  Швајцарија
11  Холандија
12  Албанија
13  Белгија
14  Босна и Херцеговина
15  Русија
16  Италија
17  Финска
18  Јапонија
19  Романија
20  Чешка
21  Шпанија
22  Австрија
23  Хрватска
24  Египет
25  САД
26  Јужна Кореја
27  Грција
28  Унгарија
29  Србија
30  Иран
31  Полска
32  Тајланд
33  Канада
34  Норвешка
35  Израел
36  Европска Унија
37  Суверен воен ред на Малта
38  Украина
39  Словачка
40  Австралија
41  Грузија
42  Ирска
43  Гана
44  Црна Гора
45  Молдавија
46  Литванија
47  Катар
48  Виетнам
50  Косово
51  Азербејџан
52  Перу
53  Латвија
55  Индија
56  Уругвај
57  Исланд
58  Мароко
60  Ватикан
61  Јордан
62  Индонезија
63  Естонија
64  Габон
65  Монголија
66  ЈАР
67  Гвинеја
68  Бангладеш
69  Куба
70  Саудиска Арабија
71  Ангола
72  Того
73  Ерменија
74  Белорусија
75  ОАР
76  Буркина Фасо
Код Меѓународна организација
79 ЕУПОЛ ПРОКСИМА
81 Европска агенција за реконструкција
82 UNMIK
85  Светска здравствена организација / World Health Organization
86  НАТО / North Atlantic Treaty Organization
87 Меѓународна организација за миграција (IOM)
88 Светска програма за храна (WFP)
89 Меѓународен комитет на Црвениот крст
90 Европска централна банка
91 Висок комесиријат на ООН за бегалци (UNHCR)
92 Организација за безбедност и соработка на Европа (OSCE)
93 УНИЦЕФ (UNICEF)
94 Германско друштво за меѓународна соработка
95 Обединети нации
96 Меѓународен монетарен фонд (IMF)
97 Групација на Светската банка
100 Совет на Европа
101 УНДП (UNDP)
102 Гете институт
103 Канцеларија на Обединетите нации за проектни услуги
107 Канцеларија на постојан координатор на Обединетите нации (UN-RCO)
114 Балканска медицинска работна група
120  Казахстан

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Tарифник за поединечни услуги“. Министерство за внатрешни работи. Архивирано од изворникот на 2021-04-13. Посетено на 13 април 2021.
  2. „Конечен договор за решавање на македонско - грчкиот спор за името и за стратешко партнерство“. Влада на Македонија. 18 јуни 2018. Архивирано од изворникот 28 март 2021. Посетено на 13 април 2021.
  3. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за регистрационите подрачја за возилата и нивни ознаки, МВР, 31 мај 2020.