Автомобилски регистарски таблички во Црна Гора
Изглед
Автомобилските регистарски таблички во Црна Гора, по прогласувањето на независноста на државата во 2006 г. и стекнувањето на меѓународното признавање, од 1 јануари 2008 г. ги имаат следниве ознаки:

- меѓународниот код на Црна Гора - MNE
- црногорскиот државен грб
- ознаката на градот
- бројот на автомобилот
Табличките се со димензии 520 мм х 110 мм, во бела боја, обрабени со црна линија, на левата страна имаат сино поле на кое е испишана ознаката MNE, потоа ознаката на градот, грбот и бројот на автомобилот.
Табличките имаат две букви и три броја, а сопственикот има можност да ја избира комбинацијата. Полициските таблички се со сина, а на армијата со зелена боја.
| Ознака | Подрачје[1] | Пример |
|---|---|---|
| Андриевица | ||
| Беране | ||
| Биело Поле | ||
| Будва | ||
| Бар | ||
| Цетиње | ||
| Даниловград | ||
| Гусиње | ||
| Херцег Нови | ||
| Колашин | ||
| Котор | ||
| Мојковац | ||
| Никшиќ | ||
| Подгорица | ||
| Плав | ||
| Петњица | ||
| Плевља | ||
| Плужине | ||
| Рожае | ||
| Тиват | ||
| Шавник | ||
| Улцињ | ||
| Жабљак |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Замена докумената у Црној Гори“. Блиц. 25 април 2008.
| ||||||||||||||||||