Автомобилски регистарски таблички во Шпанија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Форматот за регистарски таблички во Шпанија е во облик НННН ЛЛЛ. Овде „НННН“ е четирицифрен број (0000-9999), а „ЛЛЛ“ е бројач составен од три букви, кои се зголемуваат после бројот 9999. Самогласките A, E, I, O, U и Q (која лесно може да биде помешана со О) и шпанската буква Ñ не се користат. Овој систем овозможува 20 согласки: B, C, D, F, G, H, J, K, L, M, N, P, R, S, T, V, W, X, Y и Z да се користат за регистарски таблички. Овој формат дозволува максимални 80 милиони комбинации. Овој формат е претставен на 18 септември 2000. Друго за овој формат е тоа што не е претставена провинцијата каде е регистрирано возилото. Бројачот или три буквената ознака во декември 2010 започнала да ја користи буквата H (HBB). Табличката освен шемата на таблички на левата страна го содржи синото ЕУ-поле со 12 ѕвездички и авто ознаката за Шпанија (E-España).

7137 CHW
5000 DPJ

Стари покраински броеви[уреди | уреди извор]

BI-8080-CP
табличка од Аликанте
Ознака Покраина белешки
A Аликанте
AB Албасете ALB се користел до 1926
AL Алмерија
AV Авила
B Барселона
BA Бадахос
BI Билбао
BU Бургос
C Ла Коруња
CA Кадис
CC Касерес CAC се користел до 1926
CE Сеута (Шпанска енклава во Северна Африка) од 1922
CO Кордоба
CR Сјудад Реал
CS Кастељон CAS се користел до 1926
CU Куенка
FP Фернандо По
GC Лас Палмас од 1926
GE Жирона
GI Жирона од 1992 сменето со GE
GR Гранада
GU Гвадалахара
H Уелва
HU Хуеска
I Ифни (Шпанска покраина во Мароко) 1951–1961
IB Балеарски Острови од 1997
IF Ифни 1961–1969 сменето со I
J Хаен
L Љејда
LE Леон
LO Логроњо
LR Риоха
LU Луго
M Мадрид
MA Малага
ME Шпанско Мароко
ML Мелиља (Шпанска енклава во Мароко)
MU Мурсија
NA Навара
O Овиедо (сега Астуријас)
OU Оренсе од 1998, пред тоа OR
P Паленсија
PA Памплона заменето со NA во 1918
PM Палма де Мајорка заменето со IB во 1997
PO Понтеведра
RM Рио Муни ("Шпанска Гвинеја") 1961–1969, една од двете замени за TG
S Кантабрија
SA Саламанка
SE Севиља
SG Сеговија SEG се користел до 1926
SH Шпанска Сахара стара ознака беше АОЕ - Шпанска Источна Африка (Africa Occidental Española).Ознаката не се користи од 1976.
SO Сорија
SS Сан Себастијан
T Тарагона
TE Шпанска територија се користела за Канарските Острови, заменети со GC и TF во 1926
TE Теруел TER се користел до 1926
TF Санта Крус де Тенерифе од 1926, една од замените за ТЕ
TG Шпанска Гвинеја TEG се користел до 1926, заменето со FP и RM во 1926.
TO Толедо
V Валенсија
VA Ваљадолид
VI Виторија главен град на Алава
Z Сарагоса
ZA Самора

Други броеви[уреди | уреди извор]

Овие таблици ја задржале старата шема.

Каталонска полиција
Баскиска полиција
таблички за моторцикла на Баскиска полиција
  • CME – Cos dels Mossos d'Esquadra – Автономна Каталонска полиција
  • DGP – Dirección General de la Policía - полиција
  • CNP – Cuerpo Nacional de Policía – Шпанска полиција
  • E – Ertzaintza - Автономна баскиска полиција (буквата E на табличката е со специјален баскиски изглед.
  • EA – Ejército del Aire – Шпански воздушни сили
  • ET – Ejército de Tierra – Шпанска армија
  • FN – Fuerzas Navales / Armada – Шпански поморски сили
  • GSH – Gendarmería del Sahara –Шпанска колонијална полиција во Сахара
  • PGC – Parque de la Guardia Civil – шпанска цивилна гарда (слична на француската жандармерија и италијанските карабинери)
  • MF – Ministerio de Fomento – министерство за јавни работи
  • MMA – Ministerio de Medio Ambiente – министерство за животна средина
  • PME – Parque Móvil del Estado – владини возила

Дипломатски таблички[уреди | уреди извор]

Дипломатските таблички во зависност од сопственикот се: CD – црвени, CC – зелени, TA – жолти, IO – сини. Првиот број е за кодот на државата или организацијата, буквите за типот на возилото.

Дипломатска табличка