Прејди на содржината

Кастељон (покраина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кастељон
Castellón
Castelló
покраина
Грб на Кастељон
Map of Spain with Castelló highlighted
Map of Spain with Castelló highlighted
ЗемјаШпанија
Автономна заедницаВаленсија
СедиштеКастељон да ла Плана
Управа
  ПретседателЖузеп Пасквал Марти Гарсија
Површина
  Вкупна6.611,93 км2 (255,288 ми2)
Население (2021)
  Вкупно587.064
  Густина0,89/км2 (2,3/ми2)
Службени јазициваленсиски и шпански
Мреж. местоdipcas.es Уредете го ова на Википодатоците
Населени места во Кастељон со повеќе од 7.000 жители (2005).

Кастељон (шпански: Castellón), службено: Кастељо (Valencian: Castelló) — покраина на северот на автономната заедница Валенсија, западна Шпанија. Се граничи со покраините Валенсија на југ, Теруел на запад, Тарагона на север и Средоземното Море на исток.[1] На западната страна на покраината се Ибериските Планини.

Географија

[уреди | уреди извор]

Главен град на Кастељон е Кастељон де ла Плана. Покраината имала 579.962 жители на почетокот од 2019 г.[2] од кои 30 % живееле во главниот град, 60 % во неговото метрополско подрачје, а 85 % долж брегот. Покраината станала симбол за неразумно трошење на средства пред финансиската криза од 2008-2014 г. Особен пример за ова е големиот, но малопрометен аеродром.

Луѓето во Кастељон се двојазични — говорат шпански, како и месниот валенсиски.

Друго поголеми градови во покраината се Виљареал (Вила-реал), Боријана, Ла Ваљ д’Ујшо и Винарос. Целиот Кастељон е поделен на 135 општини.

Највисока планина во Кастељон е Пењаголоза, втора по висина во Валенсија.

Низ покраината минува гриничкиот меридијан. На разни места има споменици кои го бележат точното минување на меридијанот.[3]

Развој на населението

[уреди | уреди извор]

Ова е населението на Кастељон низ годините:

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Традиционални стопански гранки на Кастељон се одгледувањето на агруми и зеленчук (Нулес and Беникарло). Во XVII век почнала да се развива важна индустрија за керамика и плочки (Онда, Л’Алкора, Нулес, Кастељон де ла Плана и Виљареал); дури и и денес највеќето производители на плочки во Шпанија се во оваа покраина. Присутно е производството на мебел (Беникарио и Винарос) и хемиската индустрија (Беникарло и Кастељон). Во Кастењон де ла Плана има голема нафтена рафинерија.

Меѓу традиционалните занимања се вбројуваат изработката на обувки (Ла Ваљ д’Ујшо), рибарството (Кастељон, Винарос) и ткаенини (Виљафранка и Мореља), но тие денес тие се запоставени за сметка на услужната дејност поради развојот на туризмот.

Поглед на Пењискола

Кастељон има разнообразни предели и културно наследство, што оди во прилог на развојот на туризмот. Најголеми приморски летувалишта се Беникасим, Оропеса, Винарос, Боријана, Пењискола, Беникарло и др. Во внатрешноста постојат услови за селски туризам, а привлечни се и старите паланки како Мореља, Вилафамес, Сант Матеу, Сегорбе, минералните извори во Монтанехос, Бенасал, Кати итн.

Преку 50 % од хотелските легла се сосредоточени во Пењискола, трета по туристичка популарност во Валенсија по Бенидорм и Валенсија.

Покраината историски се дели на следниве окрузи:

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Encyclopedia Britannica“. Архивирано од изворникот на 18 мај 2015. Посетено на 16 декември 2018.
  2. Instituto Nacional de Estadística, Madrid, 2019.
  3. „Meridian Park | Castelló Turismo“. Ajuntament de Castelló Turismo. Архивирано од изворникот на 2022-10-06. Посетено на 28 јуни 2020.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]