Саламанка (покраина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Покраина Саламанка
Покраина
Collage provincia de Salamanca.jpg
Знаме на Покраина СаламанкаГрб на Покраина Саламанка
Карта на Шпанија со Саламанка во црвено
Карта на Шпанија со Саламанка во црвено
ДржаваШпанија
Автономна заедницаКастиља и Леон
Главен градСаламанка
Управа
 • ПретседателФрансиско Хавиер Иглесјас[1] (НП)
Површина
 • Вкупна12,349 км2 (4,768 ми2)
Ранг16. по ранг
 2.45% од Шпанија
Население (2018)
 • Вкупно331,473
 • Ранг37. по ранг
 • Густина27/км2 (70/ми2)
 0.75% од Шпанија
Демонимшпански: Salmantino/a, Charro/a
Службен јазик(ци)Шпански
Леонски (признат, но не службен)
СобраниеСобрание на Шпанија
Мреж. местоМатична страница

Саламанка (шпански изговор: [salaˈmaŋka])[2]покраина во западна Шпанија, во западниот дел на автономната заедница Кастиља и Леон. Се граничи со покраините Замора, Ваљадолид, Авила и Касерес, а на запад со Португалија. Има површина од 12.349 км² и во 2018 година имала население од 331.473 луѓе. Таа е поделена на 362 општини, 11 окрузи (комарски), 32 здружени општини (манкомунидади) и пет судски области. Од 362 општини,[3] повеќе од половина се села со помалку од 300 жители.

Историја[уреди | уреди извор]

Ветоните ги зафатиле областите на сегашните шпански покраини Саламанка и Авила, како и делови од Касерес, Толедо и Замора. Тие биле предримски народ од келтската култура. Нивните бројни археолошки наоѓалиште постојат низ покраината, а неколку имиња на наоѓалишта имаат ветонско потекло, од кои некои се доста важни. Ова е случајот на Саламанка (Салмантика), Ледесма (Блетисама) и Сјудад Родриго (Августобрига). Ветонските села често биле основани на бреговите на реките или на планините. Примерите вклучуваат Саламанка и Ледесма, изградени покрај Тормес,[4][5][6] Бермељар, Ел Кастиљо (Салдеана), Монкалво (Инохоса де Дуеро), Пикон де ла Мора (Пиконес) и Кастро де Јекла ла Виеха (Јекла де Јелтес) веднаш до Уебра, Сјудад Родриго, Ируења (Фуентегиналдо) и Лериља (Замара) на бреговите на Агуеда и Кастро де Лас Мерчанас (Лумбралес), во јамката на Камасес. Областа помеѓу Ла Армуња и Саламанка ја означувала границата помеѓу Ветоните и Вакеите, другите предримски луѓе во покраината. Тие биле сместени во североисточната област на покраината.

Географија[уреди | уреди извор]

Покраината Саламанка се наоѓа во западна Шпанија, во западниот дел на Кастиља и Леон. Има просечна надморска височина од 823 метри, но има големи варијации низ покраината, со 2,248 м е највисоката точка на врвот на Сеха Канчал во масивот Сиера де Бехар[7] и 116 м е најниската точка во долината на Салто де Саусеље. Забележан е и планинскиот венец Сиера де Франсија. Хидрографската мрежа Саламанка главно била создадена од сливот на Дуеро. Најважните реки се реките Дуеро, Тормес, Агуеда, Уебра и Јелтес.[8]

Регионот е добро наводнуван со голем број брани и акумулации, а со повеќе 3.400 милиони кубни метри, тој е покраина со трет најголем капацитет за складирање вода во Шпанија, втор само по покраината Бадахос и покраината Касерес. За посебно споменување е Алмендранската брана, на пет километри од селото Алмендра. Изградена помеѓу 1964 и 1970 година, браната е дел од хидроелектричниот систем познат како Duero Drops, заедно со Кастро, Рикобајо, Сауселе и Виљалкампо. Тој е еден од најголемите акумулации во Шпанија со површина од 86.5 км2 и 2,5 милијарди кубни метри вода.[9][10] Самата брана е широка повеќе од половина километар и на висина од 202 м, таа е една од највисоките градби во Шпанија.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Постојат римокатолички катедрали во Саламанка и Сјудад Родриго. Старата катедрала во Саламанка била основана од епископот Јеромеј Перигордски, во 12 век и завршена во романски/готски стил во 14 век. Посветена е на Света Марија од Столицата. Новата катедрала во Саламанка била изградена помеѓу 16 и 18 век во доцноготски и барокни стилови. Изградбата започнала во 1513 година, а катедралата била осветена во 1733 година. Нарачана е од Фердинанд V Арагонски од Шпанија. Со кралски декрет во 1887 година била прогласена за национален споменик.[11]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Страница на претседателот на покраинската службена страница (шпански)
  2. The Gazetteer of the World Prominence given to Great Britain and Colonies, Indian Empire, United States of America (изд. Public domain.). 1887. стр. 271–.
  3. „Municipios“ (шпански). Lasalina.es. Посетено на 23 декември 2021. Список на општини на покраинската службена мрежна страница.
  4. Ayuntamiento de Salamanca. „Historia“ (шпански). Ayunatamiento de Salamanca. Посетено на 23 декември 2021.
  5. Salvador, Diego. „El colectivismo vacceo“ (шпански). Архивирано од изворникот на 16 јули 2013. Посетено на 23 декември 2021.
  6. „Ayuntamiento de la Villa de Ledesma“ (шпански). Посетено на 23 декември 2021.
  7. Plikat, Bernd (2011). Sierra de Gredos: Circo de Gredos, Valle del Tiétar, Valle del Jerte ; 56 excursiones y rutas de montaña selectas. Bergverlag Rother GmbH. стр. 179. ISBN 978-3-7633-4716-2.
  8. Moreno, M. (1996). Calidad Quimica y Contaminacion Delas Aguas Subterraneas en España, P (шпански). IGME. стр. 63. ISBN 978-84-7840-257-1.
  9. Engineering News-record. McGraw-Hill. 1972. стр. 24.
  10. The Encyclopedia Americana International Edition. 1970. стр. 325.
  11. Garcia Vincente, Jose (2002). „Catedral Nueva“ (шпански). Архивирано од изворникот на 21 август 2008. Посетено на 23 декември 2021.

 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]