А Коруња (покраина)
| А Коруња / Ла Коруња A Coruña / La Coruña | |||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|
| покраина | |||||||
Разни знаменитости во покраината | |||||||
| |||||||
Местоположба на покраината во Шпанија | |||||||
| Земја | |||||||
| Автономна заедница | |||||||
| Capital | А Коруња | ||||||
| Управа | |||||||
| • Орган | Собрание на А Коруња | ||||||
| • Претседавач | Валентин Гонсалес Формосо (СПГ) | ||||||
| Површина | |||||||
| • Вкупна | 7,950 км2 (3,070 ми2) | ||||||
| Население (2018)[1] | |||||||
| • Вкупно | 1.121.484 | ||||||
| • Густина | 140,000/км2 (370,000/ми2) | ||||||
| Пошт. бр. | 15--- | ||||||
| ISO 3166 | ES-C | ||||||
| Парламент | 24 пратеници (од 75) | ||||||
| Конгрес | 9 пратеници (од 350) | ||||||
| Сенат | 4 сенатори (од 264) | ||||||
| Мреж. место | dicoruna.es | ||||||
А Коруња (галисиски: A Coruña) или Ла Коруња (шпански: La Coruña) — најсеверозападна покраина на Шпанија и една од четирите кои ја сочинуваат автономната заедница Галисија. Опкружена е од Атлантскиот Океан на запад и север, покраината Понтеведра на југ и покраината Луго на исток.
Историја
[уреди | уреди извор]Историјата на покраината започнува некаде на крајот од средниот век, за време на владеењето на католичките кралеви. Во тоа време покраината била значително помала од денес, а денешните граници ги добила дури со територијалното преуредување на Шпанија во 1833 г. кога сета покраина Бетансос и половината од Мондоњедо биле споени во една, со главен град А Коруња.
Оттогаш А Коруња е покраина со најголемо население и најголд брег во Галисија. Сè до втората половина на XX век, покраината била духовно и културно средиште на сиот регион. Универзитетот на Сантјаго де Компостела бил единствениот во северозападна Шпанија сè до смртта на Франциско Франко.
Главни знаменитости
[уреди | уреди извор]Од исклучително значење е катедралата „Сантјаго де Компостела“ како крајно одредиште на познатиот Пат за Сантјаго — важен историски пат за поклонение на Апостол Јаков уште од средновековието. Тука и денес доаѓаат голем број поклоници од најразлични делови од светот.
Паркови
[уреди | уреди извор]- Национален парк Атлантски острови на Галисија[2] — единствениот национален парк во Галисија. Зафаќа делови од покраините А Коруња и Понтеведра.
- Еумски шуми — се протега во окрузите Еуме и Ферол.
- Природен парк Дини на Корубедо (Parque Natural das Dunas de Corrubedo e lagoas de Carregal e Vixán) — плажен парк на самиот крај на полуостровот Барбанса.
Сообраќај
[уреди | уреди извор]Воздушен сообраќај
[уреди | уреди извор]- Аеродром Сантјаго де Компостела
- Аеродром А Коруња - Алведро
- Хелидром Грања (Феролтера)
- Хелидром Нарон (Феролтера)
Железнички сообраќај
[уреди | уреди извор]- Државна железничка мрежа на Шпанија (RENFE) — ги поврзува сите поважни градови: Ферол, Бетансос, А Коруња и Сантјаго де Компостела
- Шпански теснолинејки (FEVE) — го поврзува Ферол со разни населени места во Ортегал. Оди и до Ирун во Баскија.
- Шпанска големобрзинска железничка мрежа (AVE) — ги поврзува поважените градови на покраината со Лисабон и Мадрид.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Пристаништа
[уреди | уреди извор]Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Општински регистар на Шпанија 2018. Национален статистички институт.
- ↑ Национален парк Атлантски острови на Галисија Архивирано на 27 јануари 2007 г. (шпански)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
А Коруња (покраина) на Ризницата ?- Собрание на А Коруња (галисиски)
| ||||||