Катедрала Сантјаго де Компостела

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Катедрала Сантјаго де Компостела
Catedral de Santiago de Compostela (шпански)
Catedral de Santiago de Compostela agosto 2018 (cropped).jpg
Основни податоци
МестоСантјаго де Компостела, Галиција, Шпанија
Координати42°52′50″ СГШ; 8°32′40″ ЗГД / 42.880602° СГШ; 8.544377° ЗГД / 42.880602; -8.544377Координати: 42°52′50″ СГШ; 8°32′40″ ЗГД / 42.880602° СГШ; 8.544377° ЗГД / 42.880602; -8.544377
ПрипадностРимокатоличка црква
ЕпархијаРимокатоличка бискупија
Осветен1128
ВодствоЈулијан Барио Барио
Мреж. местоwww.catedraldesantiago.es
Архитект(и)Фернандо де Касас Новоа
Архитектонски типкатедрала
Архитектонски стилроманика, барок
Поставен темел1075
Завршен1211
Насоченост на фасадатазапад
Должина100 метарs (330 ст)
Ширина70 метарs (230 ст)

Катедрала Сантјаго де Компостела (шпански: Catedral de Santiago de Compostela) — катедрала и базилика која се наоѓа во истоимениот град, Галиција, Шпанија. Храмот е познат по тоа што овде се наоѓаат моштите на Апостол Јаков, еден од апостолите на Исус Христос. Овде се наоѓа последниот т.н. Пат за Сантјаго, пат кој во текот на средниот век бил многу популарен за христијанските аџии, еден од најпосетуваните градови по Ерусалим и Рим.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Според легендата, Апостол Јаков Зеведеев на [[Пиринејски Полуостров|Пиринејскиот Полуостров] го „донел“ христијанството. Во 44 година апостолот бил обезглавен во Ерусалим. Неговите останки подоцна биле донесени во Галиција, Шпанија. По римските прогони на христијаните, неговиот гроб бил напуштен во 3 век. Според легендата, неговиот гроб бил откриен во 814 година.[2] Епископот Теодемир видел чудо над неговиот гроб и веднаш го известил Алфонсо II од Астурија (791-842). Кралот веднаш наредил да се изгради капела на местото на гробот. Во 829 година била изградена првата црква, како и во 899. Кралот Алфонсо бил првиот аџија кој го поминал т.н. Пат до Сантјаго. Во текот на 997 година, црквата била целосно опожарена и уништена од страна на Ал-Мансур Ибн Аби Амир (938-1002), командант на војската на Кордопскиот калифат.

Изградбата на денешната катедрала започнала во 1075 година во времето на Алфонсо VI од Кастилја (1040-1109) и владиката Диего Пелаез. Главно таа е изградена од гранит. Изградбата на неколку пати била стопирана на неколку пати, а според Liber Sancti Iacobi, последниот камен темелник бил ставен во 1122 година. Сепак, Соборниот храм бил осветен во 1128 година, во присуство на Алфонсо IX од Леон. Според Codex Calixtinus, архитекти на проектот биле "Бернард постариот“, неговиот помошник Робертус Галперинус и подоцна можеби “Естебан, господар на катедралните дела". Во последната фаза "Бернард, помалиот" ја довршил изградбата, додека Галперинус бил задолжен за координација. Тој, исто така, ја изградил монументалната фонтана во 1122 година. Во текот на 16 век и 18 век, христијанскиот храм бил на неколку пати прошируван. Овде се наоѓал и универзитет.

Наводи[уреди | уреди извор]

Библиографија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]