Луго (покраина)
| Луго Lugo | |||
|---|---|---|---|
| покраина | |||
| |||
| Земја | Шпанија | ||
| Автономна заедница | Галисија | ||
| Седиште | Луго | ||
| Управа | |||
| • Претседател | Дарио Кампос Конде | ||
| Површина | |||
| • Вкупна | 9.856 км2 (3,805 ми2) | ||
| Население (2022)[1] | |||
| • Вкупно | 323.989 | ||
| • Густина | 33/км2 (85/ми2) | ||
| Пошт. бр. | 27--- | ||
| Мреж. место | deputacionlugo.gal | ||
Луго (шпански и галисиски: Lugo) — покраина во североисточниот дел на автономната заедница Галисија, северозападна Шпанија. Се граничи со покраините Оуренсе, Понтеведра и А Коруња, кнежевството Астурија, Леон и Кантабриското Море (Бискајскиот Залив) на север. Административен центар е истоимениот град Луго.
Во 2022 г. населението броело 323.989 жители[1] од кои една четвртина живеат во главниот град. Градот потекнува од древно келтско време и наречен е по богот Луг (како што е и градот Лион). Подоцна името му е латинизирано во Лукус Августи и станал еден од трите најважни римски центри во Галисија заедно со Бракара Августа (денешна Брага) и Астурика Августа (денешна Асторга). Покраината има 67 општини.
Јазици
[уреди | уреди извор]Највеќето жители го говорат галисискиот јазик како мајчин. Постарите лица знаат само галисиски. Помладите знаат и шпански, но само 10.000 жители ги владеат подеднакво добро.
Население
[уреди | уреди извор]Ова е населението на покраината низ историјата:

Географија
[уреди | уреди извор]Реки
[уреди | уреди извор]Поважни реки во покраината се Мињо, Сил, Ландро, Оуро и Масмо.
Градови
[уреди | уреди извор]| Бр. | Грб | Град | Население |
|---|---|---|---|
| 1 | Луго | 98.025 | |
| 2 | Монфорте де Лемос | 19.546 | |
| 3 | Вивеиро | 16.238 | |
| 4 | Вилалба | 15.437 | |
| 5 | Сарија | 13.508 | |
| 6 | Рибадео | 9.983 | |
| 7 | Фос | 9.970 | |
| 8 | Бурела | 9.381 | |
| 9 | Чантада | 9.014 | |
| 10 | Гитирис | 5.896 |
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Луго (покраина) на Ризницата ?- Службен портал на Луго
| ||||||
|