Малага (покраина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Малага
Provincia de Málaga
Покраина
Знаме на МалагаГрб на Малага
Местоположба на Малага во Шпанија
Местоположба на Малага во Шпанија
ДржаваШпанија
Автономна заедницаАндалусија
Главен градМалага
Управа
 • ПретседателФрансиско Саладо (НП)
Површина
 • Вкупна7.308 км2 (2,822 ми2)
Ранг35.
Население (2013)
 • Вкупно1,652,999[1]
 • Ранг6.
Официјален јазикШпански
ПарламентГенерален кортес
Мреж. местоmalaga.es
Click on the map for a fullscreen view

Малага (шпански: Provincia de Málaga) — шпанска покраина која се наоѓа во Андалусија, Шпанија. Се граничи со Средоземното Море на југ и со покраините Кадиз на запад, Севиља на северозапад, Кордоба на север и Гранада на исток.

Преглед[уреди | уреди извор]

Површината на покраината изнесува 7.308 квадратни километри и неговото население е 1.652.999 (2013), кое е концентрирано главно во метрополската област Малага, главниот град на покраината, и долж крајбрежието. Густината на населеност го надминува и просекот на Андалусија и шпанскиот, достигнувајќи 222,53 жители/km2. Малага содржи 102 општини. Покрај главниот град, неговите поголеми градови се Марбеља, Михас, Фуенхирола, Велес-Малага, Торемолинос, Естепона и Беналмадена, сите во крајбрежната зона. Во внатрешноста се наоѓаат градовите Антекера и Ронда.

Во покраината преоваладува топла средоземна клима со суви и топли, долги лета и кратки, благи зими. Географскиот релјеф многу варира од подрачје до подрачје. Општо земено, крајбрежното подрачје има суптропска средоземна клима. На север, постои континентална средоземна клима со студени, суви зими и топли лета.

Нејзина главна индустрија и нејзина препознатливост се туристичките одморалишта, особено оние на плажите долж Коста дел Сол. Овие плажи ги посетуваат милиони европски туристи; други атракции вклучуваат клисурата на Ел Чоро во близина на Алора, Ел Торкал де Антекера, мавританско-мудехарскиот кварт на Фрихилијана, Долмен кај Менга и пештерите Нерха.

Население[уреди | уреди извор]

Движењето на населението во текот на годините е дадена на следниот графикон:

Региони[уреди | уреди извор]

Комарки на Малага

Заштитени подрачја[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  1. Population Figures referring to Municipal Register 1 January 2013 Архивирано на 6 октомври 2014 г. - Instituto Nacional de Estadística