табличка од Босна и Херцеговина од времето на ФНРЈБих табличка издадена после 29 септември 2009)БиХ табличка за такси возилоПробни ознакистара БиХ табличка, сè уште во употреба)
Моменталните регистарски таблички во БиХ се состојат од 7 карактери - пет броеви и седум букви подредени по следниов редослед X-00-X-000. Притоа на табличките немаат означено градови, ниту хералдички симболи. Како букви на табличките се користат буквите коишто исто изгледаат на кирилица и латиница, тоа се: А, Е, О, Ј, К, М и Т.
БиХ авто кодови - Република Босна и Херцеговина[уреди | уреди извор]
Регистрација од Тузла - Република БиХрегистрација од Травник - Република БиХрегистрација на АРБиХ
На територијата контролирана од Армијата на Република Босна и Херцеговина од 1994 се издавани нови регистарски таблички/ На сино поле било испишано 'BiH' со грбот на Бих над натписот. Форматот бил: XX-0000-AA кадешто XX бил градот, 0000 - четирицифрен број, а АА сериски букви од кој првата ја покажувала општината.
Сараево, SA
Приедор, PD
Тузла, TZ
Мостар, MO
Брчко, BR
Травник, TR
Зеница, ZE
Коњиц, KO
Бихаќ, BI
Добој, DO
Високо, VI
Јајце, JC
Бугојно, BU
Зворник, ZV
Модрича, MD
Горажде, GO
БиХ авто кодови - Српска Република Босна и Херцеговина[уреди | уреди извор]
табличка од Брчкотабличка од Добој
На територијата контролирана од Војската на Република Српска се издавани таблички слични на тие во времето на СФРЈ, само што биле испишани на кирилица
Српско Сараево, СС
Приедор, ПД
Бања Лука, БЛ
Брчко, БЧ
Требиње, ТБ
Мркоњиќ Град, МГ
Фоча (Србиње), СЊ
Добој, ДО
Зворник, ЗВ
Modriča (Модрича), МД
Бијељина, БН
БиХ авто кодови - Хрватска Република Херцег-Босна[уреди | уреди извор]
На територијата на ХБ табличките биле слични на оние издадени во Хрватска