Автомобилски регистарски таблички во Бугарија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Автомобилските регистарски таблички во Бугарија претставуваат систем за идентификација на моторните превозни средства што го регулира полицијата. Регистарските таблички содржат сино поле со слика на бугарското или европското знаме на левата страна и код, испишан со црни големи букви и бројки на бела позадина. Кодот има формат X (X) NNNN Y (Y), каде што X (X) е код на областа претставена со букви, NNNN - е сериски број, Y (Y) - серија, што се состои од една или две букви.

Регистерски подрачја во Бугарија
Стандардна автомобилска регистерска табличка за градското подрачје на Софија

На регистерските таблички за моторни возила, автомобили, камиони, автобуси, моторцикли и работни возила и машини што доаѓаат од Бугарија ги има следниве ознаки:

ознака (нова)[1] ознака (стара) подрачје
A Б Бургас
B В Варна
BH ВД Видин
BP ВР Враца
BT ВТ Велико Трново
C, CA или CB С, А или ABC Софија - град
CC СС Силистра
CH СЛ Сливен
CM СМ Смолјан
CO СФ Софија - област
CT СЗ Стара Загора
E БЛ Благоевград
EB Г Габрово
EH ПЛ Плевен
H Ш Шумен
K К Крџали
KH КН Ќустендил
M М Монтана
OB Л Ловеч
P Р Русе
PA ПЗ Пазарџик
PB П Пловдив
PK ПК Перник
PP РЗ Разград
T Т Трговиште
TX ТХ Добрич
X Х Хасково
Y Я Јамбол


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Where's That Vehicle Come From?, www.kingkong.demon.co.uk