Автобус

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Автобус од марката „Yutong“, посебно изработен за Скопје
Benz-Omnibus, 1896

Автобус е моторно возило за превоз на седум или повеќе патници. Автобусите со помалку од 5,5 метри се нарекуваат минибус.

Историја[уреди | уреди извор]

Првиот автобус во светот бил произведен во 1801 година, од страна на Ричард Тревитик, а неговата демонстрација се одржала на 24 декември истата година во Кемброн, Англија. Тоа бил автобус со парна машина, а можел да носи осум патници. Првиот автобус со мотор со внатрешно согорување работел на бензин, а бил изработен во Германија во периодот 1894-1895 од страна на „Бенц“. Тој располагал со 8 седишта. Првиот градски автобус со мотор со внатрешно согорување се појавил на 12 април 1903 година, во Лондон. Тој бил дизајниран за 25 патници, тежел 6 тони, а силата на моторот изнесувала 26 кс.

Автобусот како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

  • „Желба голема како автобус и црвена како автобус“ - расказ за деца на македонскиот писател Генади Болиновски.[1]
  • „Волшебен автобус“ (Magic Bus) - песна од истоимениот албум на англиската рок-група „Ху“ (The Who) од 1968 година.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Генади Болиновски, Игра на прозорец, Скопје: Култура, Наша книга, Мисла, Македонска книга, Детска радост, 1990, стр. 22-30.
  2. DISCOGS, The Who ‎– Magic Bus (пристапено на 25.3.2018)