Автомобилски регистарски таблички во Унгарија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Стара унгарска табличка издадена во периодот 1990-2004
Унгарска табличка
H-BARNA-5.JPG

Унгарските таблички во себе не содржат код на регион или град.Унгарските регистарски таблички се составени од црни карактери на бела површина. Шемата на табличките е три букви со троцифрен број XXX-999. Табличките издавани пред 1990 година беа во формат XX-99-99Табличките издадени помеѓу 1990 и 1 Мај 2004, денот кога Унгарија стана членка на ЕУ биле издавани таблички кои во левиот дел го имале знамето на Унгарија и авто ознаката за Унгарија H. После први мај биле издавани таблички со европски стил. Старите таблички се сеуште валидни. Шемата на таблички кои почнале да се употребуваат во Унгарија започнала со AAA-001 во 1990. Во 2005 системот ја достигнал буквата ‘’’К’’’ како прва буква KAA-001. Во 2008 се издаваат таблички со почетна буква ‘’’L’’’. Оваа година (2011) се очекува да биде користена ‘’’M’’’ како прва буква. Табличките кои започнуваат со ‘’’JDA-001’’’ го имаат знамето на ЕУ на нивните таблички. Моторциклите ја користат буквата ‘’’U’’’ како почетна буква, камионите - ‘’’F’’’ приколките порано ја користеа ‘’’F’’’, а сега ‘’’X’’’. Дипломатските таблички имаат сина позадина со бели карактери. Шемата е ‘’’DT-12-34’’’, каде DT е ознака за дипломатски возила. 12 е код на амбасадата, а 34 е сериски број на возилото. Унгарската полиција (Rendőrség) ги користи овој формат ‘’’RB-12-34’’’. Други специјални таблички се издаваат на некои организации. На пример Унгарската национална телевизија ја користат оваа шема: ‘’’MTV’’’ со можни 999 комбинации. Од 2006 Националните амбуланти на Унгарија побарале да ја користат старата шема на новите евро-таблички (MA-12-34)

Кодови на табличките[уреди | уреди извор]

  • ABC-123 нормална шема
    • ABCD-12 и ABCDE-1 се персонализирани таблички, каде A, B, C, D, и E се било која буква (нивната цена е 340 евра и 1320 евра)
  • EXX-123 шема за такси возила (наччесто користена од EAA-001 до EDZ-999)
  • FXX-123 шема за возила регистрирани како камион
  • MTV-123 шема за возила регистрирани од Унгарската телевизија
  • XXX-123 шема за регистирани приколки
  • UXX-123 шема за моторцикли
  • UXX-123 шема за бавни возила (црвени карактери на бела површина)
  • CK-12-34 шема за конзуларни возила
  • DT-12-34 шема за дипломатски возила
  • HA-12-34 шема за возила на Армијата на Унгарија
  • MA-12-34 шема за возила на Националните амбуланти
  • OT-12-34 шема за возила постари од 30 години (олдтајмери)
  • RB-12-34 шема за полициски возила
  • RR-12-34 шема за царински возила (исто и возилата за пренос на затвореници ја користат оваа шема)
  • M12-3456 шема за земјоделски возила
  • C-X-1234 шема за возила кои немаат Унгарско државјанство
  • привремени таблички
    • E-12345 привремена табличка
    • P-12345 пробна табличка
    • V-12345 табличка на возило кое подлежи на царина
    • Z-12345 возило кое се извозува од Унгарија

Старите Не-ЕУ таблички се базирани на Унгарскиот стандард MSZ 140/1990.