Автомобилски регистарски таблички во Словенија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Автомобилските регистарски таблички во Словенија, од лево на десно, се состојат од:

  • две букви како ознака на подрачјето
  • грб на административната единица
  • блок со броеви и букви
  • зелена рамка околу целата ознака

Кај приколките редоследот е обратен, од десно на лево.

Од влегувањето на Словенија во Европската унија на 1 мај 2004 г., се издаваат регистарски таблички кои на левата страна имаат сино поле со буквите SLO и 12 кружно наредени ѕвездички кои ги симболизираат државите членки на Европската унија.[1]

На тие нови таблички веќе не постои зелената рамка околу регистарската ознака. Исто така, не се користат буквите “Č“, “Š“ и “Ž“, а наместо нив се користат “X“, “Y“ и “W“.

кратенка подрачје пример Опфатени општини
CE Цеље Цеље, Лашко, Мозирје, Словенске Коњице, Шентјур кај Цеље, Шмарје кај Јелше, Велење и Жалец
GO Нова Горица Ајдовшчина, Идрија, Толмин и Нова Горица
KK Кршко Брежице, Кршко и Севница
KP Копер Изола, Копeр, Пиран, Сежана и Илирска Бистрица
KR Крањ Јесенице, Крањ, Радовљица, Шкофја Лока и Тржич
LJ Љубљана Домжале, Гросупље, Храстник, Камник, Кочевје, Литија, Љубљана, Логатец, Рибница, Трбовље, Врхника, Загорје на Сава и Церкница
MB Марибор Ленарт, Марибор, Ормож, Птуј, Руше и Словенска Бистрица
MS Мурска Собота Горна Радгона, Лендава, Мурска Собота и Љутомер
NM Ново Место Чрномељ, Метлика, Ново Место и Требње
PO Постојна Постојна
SG Словењ Градец Дравоград, Радље на Драва и Словењ Градец

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Pravilnik o registrskih tablicah motornih in priklopnih vozil, www.uradni-list.si (сло.)