Автомобилски регистарски таблички во Шведска
Форматот за регистарски таблички во Шведска е во облик ЛЛЛ ННН, каде ЛЛЛ е комбинација на букви, а ННН е трицифрен број (001-999), притоа комбинацијата со букви и комбинацијата со броеви е одделена со лепенка за платен данок или осигурување на која е означена годината на истекување на осигурувањето. Шведските таблички не се со географски код. Автомобилските таблички исто така се користат и за полициски, противпожарни, возила за јавен превоз. Последниот број од комбинацијата на табличката е месец во кој е регистрирано возилото (ЛЛЛ-ННН)
пос. цифра | месец | период |
---|---|---|
1 | Јануари | Ноември-Март |
2 | Февруари | Декември-Април |
3 | Март | Јануари-Мај |
4 | Април | Февруари-Јуни |
5 | Јули | Мај-Септември |
6 | Август | Јуни-Октомври |
7 | Септември | Јули-Ноември |
8 | Октомври | Август-Декември |
9 | Ноември | Септември-Јануари |
0 | Декември | Октомври-Февруари |
Забранети комбинации
[уреди | уреди извор]Се користат сите букви од шведската азбука освен буквите: I, Q, V, Å, Ä и Ö. Околу 150 буквени комбинации не се дозволени. Некои од нив се: APA (мајмун), DUM (глупав), DYR (скап), FAN (ѓавол, проклетство), FEG (кукавица), FEL (грешка), FUL (грд), GAY, GLO (зјапа), HOT (закана), LAT (мрза), NEJ (не), NRP (Северна национална партија), OND (лош), SAP (Шведска социјалдемократска партија), SEX, SUP (ракија), TOA (тоалет), UFO, USA, XXL и многу други. Исто така и "WTC 911" не се користи за комбинација.
Големини на табличките
[уреди | уреди извор]табличка | големина (mm) | белешка |
---|---|---|
Обична табличка | 480×111 | |
табличка со сино ЕУ поле | 520×111 | |
Американска табличка | 300×111 | табличка без ЕУ сино поле |
Квадратна табличка | 119x155 | табличка со или без сино ЕУ поле |
Други таблички
[уреди | уреди извор]Персонализирани таблички
[уреди | уреди извор]За персонализирана табличка се користат 7 карактери. Истата табличка чини околу 6000 шведски круни или околу 640 евра. Не се дозволени навредливи зборови, исто така не се користат буквите: I, Q, V, Å, Ä и Ö.
Пробни таблички
[уреди | уреди извор]Црн текст на зелена површина. Овие таблички се користат само за тест возења, и притоа се осигурани за тест возења.
Дипломатски таблички
[уреди | уреди извор]Црн текст на сина површина.
Такси таблички
[уреди | уреди извор]Брн текст на жолта позадина. Автомобилот ја задржува истата комбинација на табличката која ја имал пред да стане такси. Доколку табличката била персонализирана, тогаш помала буква Т стои на десната страна на табличката.
Привремени таблички
[уреди | уреди извор]Секое возило кое е увезено или извезено од Шведска добива црвена табличка. Комбинацијата е иста како и другите автомобили но на левиот крај е запиша денот и месецот на истекување на табличката, а на десниот крај е запишана годината на истекување на табличката.
Military
[уреди | уреди извор]Жолти броеви на црна површина. Табличките се користат за сите воени возила. Фонтот не е сменет од 1906та година.
|
Оваа статија поврзана со Шведска е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |