Херцег Нови

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Херцег Нови
Херцег Нови
Skyline of Херцег Нови
Грб на Херцег Нови
Грб
Херцег Нови се наоѓа во Црна Гора
Херцег Нови
Местоположба на картата
Координати: 42°27′10.62″ СГШ 18°31′52.33″ ИГД / 
Држава  Црна Гора
Основан 1382
Населени места 27
Управа
 • Градоначалник Дејан Мандиќ
Површина
 • Вкупна 235 км2
Население (2011)[1]
 • Вкупно 19.536
 • Густина 140/км2
 • Општина 30.864
Часовен појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Поштенски број 85340
Повикувачки број +382 31
ISO 3166-2:ME ME-08
Регистарски таблици HN
Мреж. место herceg-novi.me

Херцег Нови — град во Црна Гора, на брегот на Јадранско Море и во подножјето на планината Орјен. Херцег Нови е центар на Општина Херцег Нови и е најголем град со српско население на брегот на Јадранско Море. Градот бил познат и под името Castel Nuovo.

Историја[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Културно-историски споменици[уреди | уреди извор]

Тврдини[уреди | уреди извор]

Поради важното стратегиско значење, во градот биле подигнати неколку тврдини. Прва во низата одбранбени линии била Цитаделата (позната и како Macel) чии остатоци денес лежат во непосредна близина на тврдината Forte Mare. Крвавата кула (Канли кула), изградена од Турците во периодот по 1539 година, во најголема мера ја зачувала оригиналната архитектура, а во 1966 година била реставрирана и претворена во Летна сцена. И денес, на ѕидовите на затворската ќелија се гледаат многубројни цртежи на разни видови риби, крстови, бродови итн. Тврдината Шпањола го добила името поради тоа што неа доградиле Шпанците во текот на 1538/1539 година, кога владееле со градот. Оваа тврдина е најсочуваниот турски фортификациски објект на Јадранот, граден од 1539 до 1548 година. Таа е опкружена со масивни ѕидини со четири кружни бастиони на аглите. На главниот плоштад во Херцег Нови доминираат Западната градска кула и Сахат кулата, подигната во 1850 година, во псевдоромански стил. Името „Сахат кула“ потекнува од османлискиот период, а во времето на Млетската република се викала Тора. Оваа кула претставува хералдички знак на Херцег Нови. На самиот влез во заливот Бока Которска, на островот Ластавица се наоѓа тврдината Мамула. Таа е кружна тврдина, со пречник од околу 200 метри, а ја изградил австрискиот адмирал Лазар Мамула кон крајот на 19 век. Источно од неа, на крајниот југозапад на полуостровот Луштица се наоѓа тврдината Азра, која била изградена на основата на античка тврдина.[2]

Цркви[уреди | уреди извор]

<На подрачјето на општината Херцег Нови се наоѓаат 89 цркви, од кои 75 се православни, а 14 католички.

Манастир Савина[уреди | уреди извор]

а два километри источно од Херцег Нови се наоѓа манастирскиот комплекс Савина што го сочинуваат две цркви посветени на Успението на Богородица, манастирски конак со ризница и црквата св. Сава. Во манастирската ризница се наоѓаат вредни предмети меѓу кои се истакнуваат: кристален крст од 13 век, реликвијар од манастирот Тврдош од 1615 година, покривка од 1642 година, сребрена петолебница од 1648 година, путир од 1650 година, евангелие од 1685 година, портрет на рускиот цар Петар Велики, низа рачни и престолни крстови и вредни стари книги. За малата црква на Успението на Богородица се смета дека потекнува од 1030 година, а најстариот слој фрески датира од средината на 15 век. Царските двери, наречени „тврдошки“ и големото распетие над нив ги изградил Димитрие даскал во 1703 година, додека иконата на Успението на Богородица е дело на неговиот син Рафаило. Големата црква на Успението на Богородица ја градел мајсторот Никола Форетиќ од Корчула во текот на 1777-1799 година. Црквата е изградена во мешан византиски-романогрчки-барокен стил. Иконостасот го изработил иконописецот поп Симеон Лазовиќ, со помош на синот Алексија, во 1795 година. Според некои извори, црквата св. Сава била изградена во 13 век, а според други во 15 век.[3]

Други цркви[уреди | уреди извор]

Црквата Св. Архангел Михаил се наоѓа на горниот плоштад во Стариот град, популарната Белависта. Нејзината градба започнала во 1883 година, а била изградена од корчулански камен во византиски стил, но со романо-готски и исламски украси. Црквата св. Ероним се наоѓа во Стариот град, на плоштадот на Миќо Павловиќ. Таа потекнува од 1856 година, а ја красат делата на барокниот сликар Трипо Кокоља. Според некои археолошки наоди, се претпоставува дека на тој простор се наоѓал дворецот на Твртко I, основачот на градот. Црквата св. Леополд Мандиќ ја изградиле Млеќаните по ослободувањето на Херцег Нови од турската власт во 1688 година. Од 1976 година таа е посветена на св. Леополд Богдан Мандиќ, роден во Херцег Нови, кој бил прогласен за светец од страна на папата Јован Павле II во 1983 година. Во близина на оваа црква се наоѓа и црквата св. Антун. Црквата св. Ѓорѓи била реставрирана во 1848 година, а во неа се наоѓа многу вредна итало-критска кружна икона на св. Петар и Павле од 16 век. Во нејзина близина се наоѓа црквата св. Спас, чија градба започнала во 1709 за завршила во 1713 година.[4]

Меѓу останатите вредни цркви во Херцег Нови и во околината се:[5]

  • св. Сергеј и Вакха во селото Поди (од 15 век),
  • св. Андрија во селото Кути (од 15 век),
  • св. Никола во селото Радованиќи,
  • св. Петка во Мркови (од 16 век) која ја насликал познатиот Димитрие даскал,
  • св. Трипун на Луштица,
  • св. Георги во Радованиќи (од 18 век),
  • св. Недела во Јошице,
  • св. Никола во Ѓеновиќ,
  • св. Спиридон во Ѓеновиќ,
  • св. Госпоѓа во Приевор,
  • св. Варвара на Мокрине,
  • манастирот Воведение на Пресвета Богородица на островот Жањиц (од 15 век)
  • Ризата на Богородица во Бијела итн.

Музеи[уреди | уреди извор]

Музејот на Херцег Нови, сместен во задужбината на некогашниот градоначалник Мирко Комненовиќ, го сочинуваат археолошка, историска и етнолошка збирка, како и збирка икони. Во музејот се наоѓаат остатоците од неолитската заедница пронајдена во пештерата Врањај, како и експонати од бронзената и железната епоха. Музејот располага со околу 30 икони, главно од бококоторската иконописна школа Димитриевиќ-Рафаиловиќ, а посебна атракција е плочата од црквата св. Тома од 9 век. Во состав на музејот се наоѓа и ботаничка збирка од 100 видови медитерански и суптропски растенија.[6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Населението во Херцег Нови по резултатите од пописот во 2011 г.“ (на црногорски). http://www.herceg-novi.me/index.php?option=com_content&view=article&id=817&Itemid=243&lang=rss. конс. 25 јуни 2013 г. 
  2. Kulturno nasljeđe - Cultural heritage, Turistička organizacija Herceg Novi, 2011.
  3. Kulturno nasljeđe - Cultural heritage, Turistička organizacija Herceg Novi, 2011.
  4. Kulturno nasljeđe - Cultural heritage, Turistička organizacija Herceg Novi, 2011.
  5. Kulturno nasljeđe - Cultural heritage, Turistička organizacija Herceg Novi, 2011.
  6. Kulturno nasljeđe - Cultural heritage, Turistička organizacija Herceg Novi, 2011.