Општина Брвеница
| Општина Брвеница | |||
|---|---|---|---|
| Општина | |||
Општинската зграда во селото Брвеница | |||
| |||
![]() | |||
| Држава | Македонија | ||
| Регион | Полошки | ||
| Година кога е основана | 1913 (во рамки на Кралство Србија), 1996 | ||
| Седиште | Брвеница | ||
| Населени места | Список | ||
| Управа | |||
| • Градоначалник | Јовица Илиевски (ВМРО-ДПМНЕ) | ||
| Површина | |||
| • Вкупна | 164,3 км2 (63,4 ми2) | ||
| Население (2021)[1] | |||
| • Вкупно | 13.645 | ||
| • Густина | 83/км2 (220/ми2) | ||
| Час. појас | CET (UTC+01:00) | ||
| • Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+02:00) | ||
| Повикувачки број | +044 | ||
| Регистарски таблички | TE | ||
| Мреж. место | brvenica.gov.mk | ||
Општина Брвеница — општина во северозападна Македонија. Центар на општината е селото Брвеница. Опшината опстојува како посебна од 1996 и опфаќа 10 села покрај Сува Гора. Населението на општината е претежно македонско и албанско.
Географија
[уреди | уреди извор]Општината е формирана во 1996 година со Законот за територијална организација на Република Македонија. Пред 1996 година, територијата на општина Брвеница беше составен дел од општина Тетово. Брвеница е рурална општина и граничи со општините: Тетово, Боговиње, Желино, Гостивар, Врапчиште и Македонски Брод. Низ општината поминува реката Вардар. Покрај реката Вардар, значајни географски форми во општината се Полошката Котлина и планината Сува Гора, која се протега низ целата општина. Во рамките на општината е и дел од езерото Козјак.
Брвеница спаѓа во руралните општини и опфаќа 10 населени места, организирани во 11 месни заедници и тоа: Брвеница, Долно Седларце, Горни и Долни Челопек, Милетино, Радиовце, Блаце, Стенче, Волковија, Теново и Гургурница. Шест од овие месни заедници се рамничарски, четири ридски и едно планинско.
На подрачјето на општината во периодот од формирањето на општината, поточно од 1997 годна со финансиска помош на државата и невладини организаци е изграден водовод во следните населени места: Брвеница и Долно Седларце, Милетино, Стенче и Радиовце.[2]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Главни стопански гранки во општината се земјоделството, градинарството и сточарството. Постојат и повеќе мали индустриско-производни капацитети во различни села од општината.
Демографија
[уреди | уреди извор]Според пописот на население од 2021 година, општината има вкупно население од 13,645 жители со густина на население од 96.5/km2.[3] Етничкиот состав на општината е следниот:
| 2002 | 2021 | |||
| Број | % | Број | % | |
| ВКУПНО | 15,855 | 100 | 13,645 | 100 |
| Албанци | 9,770 | 61.62 | 7,377 | 54.06 |
| Македонци | 5,949 | 37.52 | 6,192 | 45.38 |
| Срби | 78 | 0.49 | 40 | 0.29 |
| Бошњаци | 1 | 0.01 | 6 | 0.04 |
| Роми | - | - | 1 | 0.01 |
| Турци | 2 | 0.02 | - | - |
| Други | 55 | 0.34 | 29 | 0.22 |
На табелата е прикажан националниот состав на населението во општината низ сите пописни години:[4]
| Години | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Вкупно |
| 1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | 8.720 |
| 1953 | 4.870 | 4.366 | 44 | 4 | — | 102 | ... | 12 | 9.398 |
| 1961 | 5.079 | 5.003 | 101 | ... | ... | 83 | ... | 61 | 10.327 |
| 1971 | 5.011 | 6.418 | 99 | 5 | ... | 81 | ... | 71 | 11.685 |
| 1981 | 5.613 | 7.963 | 43 | — | — | 73 | ... | 142 | 13.834 |
| 1994 | 5.905 | 8.793 | 3 | — | — | 79 | ... | 13 | 14.793 |
| 2002 | 5.949 | 9.770 | 2 | 2 | — | 78 | — | 55 | 15.855 |
| 2021 | 6.192 | 7.377 | — | 1 | — | 40 | 6 | 29 | 13.645 |
Во пописот од 1953 година, Македонците сочинувале 51,8 %, а Албанците 46,4 % од населението во општината. По зголемувањето на бројот на Албанци во општината, нивниот процент се зголемува на 61,2 %, а на Македонците се намалува на 37,5 %.


Иселеништво
[уреди | уреди извор]Населението на општината во однос на пописот е значително намалено, поради иселувањето. Голем дел од албанското население е иселено во странство. Иселувањето на македонското население е нешто помало, и претежно е во правец село-град и дел во странство.
Општествени установи
[уреди | уреди извор]- Училишта
Во општината функционираат следните централни училишта:
- Цркви
- Црква „Св. Константин и Елена“ - Блаце
- Црква „Св. Троица“ - Блаце
- Црква „Св. Георги"- Блаце
- Црква „Св. Атанасиј“ - Брвеница - изградена во 1922 година, а осветена во 1930 година. Подигната е врз темели на црква од 1628 г.[5]
- Црква „Св. Архангел Михаил“ - Брвеница
- Црква „Св. Атанасиј“ - Радиовце
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Градоначалник на општина Брвеница е Јовица Илиевски, кој бил избран на локалните избори во 2021 и реизбран на локалните избори во 2025. од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.[6]
Согласно одлука на Владата на Македонија од 27 септември 2024 година, Советот на општината брои 15 члена.[7]
Во склоп на општина Брвеница се следниве села: Блаце, Брвеница, Волковија, Гургурница, Долно Седларце, Милетино, Радиовце, Стенче, Теново и Челопек.
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Стенчевска тврдина
- Ранохристијанска епископија с.Стенче
- Тумба Потсело - неолитска населба
- Градиште - Брежине - населба и некропола од доцноантичкото време;
- Кукул - археолошко наоѓалиште;
- Змијанец - една од 16те ранохристијански базилики во Полог
Личности
[уреди | уреди извор]Некои од поистакнатите личности од општината се:
- Александар Галоски (познат македонски диџеј и продуцент)
- Јован Павловски, Познат македонски писател
- Рајко Аврамовски (†1989), Борец во НОБ,пор. функционер на општина Жеровјане
- Живко Стефановски (†2008), Регионален функционер, писател и публицист
- Душко Милевски (†2005), Примариус д-р, спортски работник
- Бошко Стефаноски (†2005),економист и писател
- Стојчевски Атанас - Спиро (†1943) - жртва во логорот „Јасеновац“
- Софре Ѓорѓевски (? – ?, 1963) - македонски војвода.
- Владо Бучковски (делумно потекло)
- Војо Михајловски политичар
- Кузман Сотировски - Чокалија (16 октомври 1908 - Париз, 25 јуни 1990) - македонски фудбалер и прв македонски олимпиец
- Љубе Бошковски - македонски политичар.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
- ↑ Civil World Macedonia[мртва врска]
- ↑ „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“ (PDF). stat.gov.mk. Посетено на 22 July 2022.
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk Архивирано на 3 февруари 2020 г..
- ↑ „Архиерејска Божествена Литургија во чест на свети Атанасиј Александриски во с. Брвеница“. МПЦ - ОА. 5 февруари 2007. Посетено на 2010-04-29.
- ↑ „Заклучок за конечност на резултати од гласањето во вториот круг на Локалните избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 3 декември 2017.
- ↑ „Дејуре, платформа за консолидирање на закони“. dejure.mk. Посетено на 2025-11-08.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Општина Брвеница во „АБВ - деловен именик“ Архивирано на 6 март 2016 г.
- Службено мрежно место
- Општина Брвеница на „Златна Книга“
- Општина Брвеница Архивирано на 15 април 2012 г. на mojsovetnik.org.mk
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||


