Тумба Потсело

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Жртвеник на големата мајка пронајден на наоѓалиштето Тумба Потсело во Стенче

Тумба Потсело е неолитска населба кај тетовското село Стенче, на левиот брег на реката Вардар. Со истражувања се откриени културни слоеви од раниот, средниот и од доцниот неолит. Материјалната култутра се одликува со карактеристична керамика сликана со бела и со кафеава боја и со богата култна пластика (жртвеници од типот на Големата Мајка). Локалитетот припаѓа на Анзабегово – вршничката културна група.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Д. Здравковски, Неолитска населба Потсело Тумба с. Стенче, I, „Зборник на Музејот на Македонија - археологија“, 2, Скопје, 2006, 25-31