Градиште - Брежине
Градиште - Брежине — археолошко наоѓалиште во тетовското село Челопек. Претставува населба и некропола од доцноантичкото време. Се наоѓа источно од селото, на падините на Сува Гора, каде при обработувањето на земјата се откриени темели од повеќе објекти, а на површината на нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и множество градежен материјал. Во непосредната близина се откриени и гробови. Од ова наоѓалиште потекнува еден надгробен споменик што се чува во Музејот на тетовскиот крај.[1] Тука е пронајдена бронзена статуетка на богот Меркур (Хермес).[2]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Археолошка карта на Република Македонија, Том 2, 1996, издание наМАНУ, Скопје, Македонија.
- ↑ „Во Полог живееле Бригите“ (PDF). Македонско Сонце. 25 април 2008. Архивирано од изворникот (PDF) на 2008-05-16. Посетено на 2011-01-28.
Поврзано[уреди | уреди извор]
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Категории:
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од доцноантичко време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на населба
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на некропола
- Челопек (Тетовско)
- Археолошки наоѓалишта во Општина Брвеница
- Никулци за археологијата на Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Тетовско