Стенче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Стенче
Stenče 01.JPG

Панорама на Стенче

Стенче is located in Македонија
Стенче
Местоположба на Стенче во Македонија
Координати 41°52′36″N 21°1′59″E / 41.87667° СГШ; 21.03306° ИГД / 41.87667; 21.03306Координати: 41°52′36″N 21°1′59″E / 41.87667° СГШ; 21.03306° ИГД / 41.87667; 21.03306
Општина Coat of arms of Municipality of Brvenica.svg Брвеница
Население 150 жит.
(поп. 2002)
Стенче на општинската карта
Стенче во Општина Брвеница.svg

Атарот на Стенче во рамките на општината
Commons-logo.svg Стенче на Ризницата


Стенчесело во Општина Брвеница, во околината на градот Тетово,[1] односно на речиси половина пат помеѓу Тетово и Гостивар.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Долни Полог, на падините на Сува Гора, во близина на реката Вардар. Селото Стенче се наоѓа меѓу селата Волковија и Теново. Селото е оддалечено 25 километри јужно од Тетово и 14 километри северно од Гостивар.

Историја[уреди | уреди извор]

Фрагмент од Цветен триод Лазаревац од крајот на 16 и почетокот на 17 век, најден во Стенче

Во XX век, селото е дел од Тетовската каза во Отоманската Империја.

Население[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Стенче живееле 680 жители, сите Македонци.[2]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Стенче имало 664 Македонци, егзархисти.[3]

Според рускиот филолог, Афанасиј Селишчев, селото во 1929 година имало 101 куќа со 957 жители.[4]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 150 жители. Следува табела на националната структура на населението[5]

Националност Вкупно
Македонци 149
Турци 0
Роми 0
Албанци 0
Власи 0
Срби 1
Бошњаци 0
Други 0

На табелата е прикажан бројот на население во сите пописни години:[6]

Година 1900 1905 1929 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 680[2] 664[3] 957[4] 739 762 614 405 276 214 184 150

Родови[уреди | уреди извор]

Стенче е населено со македонски православни родови, кои се делат на староседелци и доселеници. Староседелците живееле во старо Стенче.[7]

Родови кои живееле во старо Стенче се:

  • Сакаровци (14 к.) имаат иселеници во Тетово (1 к.);
  • Мојсовци (14 к.) имаат иселеници во Гостивар (1 к.), Тетово (2 к.), Варна (1 к.) и Бугарија (1 к.); и
  • Лукановци (2 к.).

Доселенички се родовите:

  • Топенчовци (12 к.) доселени одамна, доселени се од околината на Гостивар;
  • Ѓуревци (5 к.) доселени се од Матка, од скопски Дервен, имаат иселеници во Романија (1 к.);
  • Рупаковци или Марковци (3 к.) доселени се од каде и Ѓуревци;
  • Којчиновци (4 к.) не знаат од каде се доселени, на почетокот на XIX век биле многу богати имале околу 600 овци, најпознатиот домаќин се викал Јанкула, имаат иселеници во Скопје (1 к.) и Панчево (1 к.).
  • Аврамовци (25 к.) доселени се од селото Матка, Скопско. Овде почетокот на XIX век се доселиле 3 браќа, нив во Матка ги нападнале Турци и затоа се доселиле во Стенче, го знаат следниот родослов Ѓурчин-Крсте-Здраве-Аврам, предокот што се доселил. Аврамовци се намножиле од браќата Бошко и Аврам, додека од третиот брат нема потомци. Имаат иселеници во Скопје (2 к.), Битола (1 к.), Софија (1 к.) и Романија (4 к.);
  • Мешиновци (9 к.) доселени се од некое село во Охридско, во Стенче нивните претци работеле како калајџии, имаат иселици во Гостивар (1 к.), Скопје (1 к.) и Романија (3 к.);
  • Поповци (3 к.) се доселил поп Стојко, и тие се доселени од некое село во Охридско. Ја знаат следната генеологија Сретко-Васил-Симјан-Стојко, основачот на родот. Во Стенче се населиле поради крв. Имаат иселеници во Зубовце (1 к.) и Скопје (2 к.);
  • Аврамовци (13 к.) доселени се од селото Волче, Порече. Аврам основачот на родот дошол почетокот на XIX век. Во овој род се знае следната генеологија: Оносим-Гроздан-Неделко-Аврам основачот на родот. Аврам имал 4 синови: Димитрија, Павле, Здраве и Неделко. Имаат иселеници во Скопје (1 к.), Бугарија (3 к.), Грција (1 к.) и Романија (2 к.);
  • Огњановци (1 к.) доселени се од соседното село Горно Фалише;
  • Анџаковци (7 к.) потекнуваат од предокот Рафаил, кој дошол од Галате. Рафаил имал 5 синови: Тимосиј, Стојан, Тофил, Цветан и Русе;
  • Крајчевци (1 к.) за нив се зборува дека тешко се множат, местото на старина не го знаат, имаат иселеници во Тетово (1 к.);
  • Младеновци (1 к.) дошол Младен како домазет од Теново, влегол во родот Којчиновци;
  • Радевци (1 к.) Раде дошол по мајка од Церово, таму се гранка на староседелскиот род Ивановци;
  • Меновци (1 к.) дошол Огњан како домазет од селото Растеш, влегол во родот Сакаревци; и
  • Николовци (1 к.) дошол Никола како домазет од селото Блаце, во Блаце имаат истоимени роднини, права старина им е од шарпланинското село Пршовце, од таму избегале кога почнале Албанци да се населуваат.

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Цркви[8]
ЦОУ "Гоце Делчев" - Стенче

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Жртвеник на големата мајка пронајден на наоѓалиштето Тумба Потсело во Стенче

Личности[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Цркви
Носии и архитектура

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Стенче : минато, сегашност, иднина / Ѓорѓи Наумовски ; [изработка на скица на Стенче Горан Тошевски]. - Скопје : Патриот-Р, 2007. - 104 стр., листови со слики во боја, превиткан лист со скица : илустр. ; 24 см
  2. 2,0 2,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.212.
  3. 3,0 3,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.122-123.
  4. 4,0 4,1 Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.24.
  5. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  6. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  7. Ф., Трифуноски, Јован (1976). Полог : антропогеографска проучавања. Srpska akademija nauka i umetnosti. OCLC 5846115. http://worldcat.org/oclc/5846115. 
  8. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]