Млаки

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Млаки
Млаки is located in Македонија
Млаки
Местоположба на Млаки во Македонија
Координати 41°54′54″N 21°01′02″E / 41.91500° N; 21.01722° E / 41.91500; 21.01722Координати: 41°54′54″N 21°01′02″E / 41.91500° N; 21.01722° E / 41.91500; 21.01722
Регион Logo of Polog Region.svg Полошки
Општина Coat of arms of Municipality of Brvenica.svg Брвеница
Област Долни Полог
Население нема жит.
(поп. 2002)
Шифра на КО
Надм. вис. 508 м


Млаки — историско село на територијата на Општина Брвеница. Местото се наоѓа на атарската граница меѓу селата Милетино и Челопек, во месноста денес наречена Млака[1].

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало во областа Долни Полог, крај рекичката Света, десна притока на Вардар. Денес месноста е јужно од Челопек, иако според кажувањата на потомците на неговите жители, самите куќи биле југоисточно од него.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Се претпоставува дека местото е населено уште од стариот век, водејќи се по пронајдениот варовнички аголен камен од градба од раноантичко време. Селото не се споменува по име во османлиските документи, но во дефтерот за 1568/69 г. забележан е посебен дел од Челопек со четири семејства, што можеби се однесува на Млаки како негово маало, или пак како одделно село со испуштено име.

Селото е напуштено некаде на почетокот или кон средината на XIX век бидејќи било мошне мало и не можело да се одбрани од зачестените напади и грабежи. Неговото население се преселило во соседното Челопек, па така воедно го задржало и имотот во старото село.

Од преселниците во Челопек познати се родовите Веселковци (шест куќи) и Русиновци, благодарение на истражувањата на Јован Трифуноски.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Млака — GeoNames
  2. 2,0 2,1 Петрушевски, Илија (2009). Исчезнати селски населби и села со променети имиња во Полог. Тетово: Здружение „Лешок“. стр. 27. ISBN 978-9989-2507-3-6.