Брвеница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Брвеница
Брвеница is located in Македонија
Брвеница
Местоположба на Брвеница во Македонија
Координати 41°58′2″N 20°58′50″E / 41.96722° СГШ; 20.98056° ИГД / 41.96722; 20.98056Координати: 41°58′2″N 20°58′50″E / 41.96722° СГШ; 20.98056° ИГД / 41.96722; 20.98056
Регион Долни Полог
Општина Coat of arms of Municipality of Brvenica.svg Брвеница
Население 2918 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1216
Надм. вис. 436 м
Commons-logo.svg Брвеница на Ризницата

Брвеница — село во Општина Брвеница, во околината на градот Тетово. Претставува едно од најразвиените села во Тетовско.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Се наоѓа во Долни Полог на околу 4 км јужно од Тетово на надморска височина од 440 м, на левата страна од реката Темишница (лева притока на реката Вардар). Низ атарот на селото Брвеница поминува и најголемата река во Република Македонија - Вардар. Селото се наоѓа близу до планината Сува Гора и има одличен поглед кон Шар Планина. Заедно со селото Долно Седларце претставува една голема современа населба.

Економија[уреди | уреди извор]

На територијата на Брвеница постојат неколку стопански субјекти во кои се вработени повеќето од жителите на селото. Позначајни стопански субјекти се Земјоделскиот комбинат "Вардар" и мелницата за преработка на сточна храна "Агро Слога". Бидејќи селото се наоѓа во Полошката Котлина, една од најплодните рамници во Република Македонија, населението од селото се занимава со полјоделство, овоштарство и интензивно сточарство.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Брвеница живееле 105 жители, сите Македонци.[1]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Брвеница имало 962 Македонци, егзархисти.[2]

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година Брвеница е село во Брвеничка општина (со центар во Жеровјане) во Долнополошкиот срез и има 20 куќи со 119 жители, Македонци и Албанци.[3]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 2.918 жители. Следува табела на националната структура на населението[4]

Националност Вкупно
Македонци 2 834
Турци 0
Роми 0
Албанци 0
Власи 0
Срби 68
Бошњаци 0
Други 15

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[5]

Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 449
1953 421 89 ... 1 511
1961 733 1 ... ... 58 ... 1 793
1971 1.258 ... 76 ... 18 1.352
1981 2.168 66 ... 23 2.257
1991 2.578 74 29 2.681
1994 2.623 72 ... 5 2.700
2002 2.834 68 15 2.918

Добар дел од населението на Брвеница се наоѓа на привремена работа во странство: Германија, Италија, Англија, САД, Канада, Австралија.

Родови[уреди | уреди извор]

Брвеница е македонско-српско село.

Според истражувањата од 1940тите родови во селото се:

  • Македонски: Ѓушевци (3 к.), Анчевци (1 к.) и Шише (1 к.) староседелци; Цветковци (1 к.) доселени се однекаде во турско време; Пауновци (5 к.) доселени се од денес албанското село Лисец, најпрво во Тетово, па во Брвеница; Бонковци (4 к.) доселени се од селото Милетино, уште подалечно потекло имаат од Порече; Руфатовци (5 к.) доселени се исто така од селото Милетино, они се полошки староседелци; Лучковци (3 к.) се сметаат за стари доселеници, доселени се од селото Рогачево, во Рогачево биле староседелци; Рибаровци (2 к.) доселени се од денес албанското село Синичане; Павлевци (3 к.) и Стаматовци (2 к.) доселени се од денес албанското село Жеровјане, во првиот род се знае следната генеологија Веселин (жив на 20 год. во 1940тите) Михаил-Павле, кој се доселил; Николовци (1 к.) доселени се во турско време однекаде; Тасевци (1 к.) доселени се од Долна Лешница, подалечно потекло од Порече (од Сушица или Брезница); Поречани или Аризановци (2 к.) доселени се во 1918 година од селото Рамне, Порече; Атанасковци (1 к.) доселени се од селото Туденце, таму биле староседелци; Марковци (1 к.) доселени се од селото Никифорово; Николовци (1 к.) потекнуваат од предок домазет доселен од некое полошко село во 1920 година; Симо Богојески (1 к.) доселен од Тетово во 1924 година, подалечно потекло од северна Албанија (Љума); Ристовци (1 к.) доселени се од Саракино, таму се доселени од селото Брест, Порече средината на 19ти век; Лазо Петрески (1 к.) доселен 1928 година од селото Беловиште, таму припаѓал на родот Пејчиновци; Филиповци (3 к.) доселени се во 1928 година од селото Звечан, Порече; Пројко Стојкоски (1 к.) доселен во 1928 година од селото Манастирец, Порече; Неделковци (2 к.) доселени се од Тетово, а таму се доселени од селото Драјчиќи кај Средска (Косово); Митре Јовчески (1 к.) дојден како домазет од Блаце (влегол во родот Анчевци); Савевци (1 к.) и Војновци (1 к.) доселени се од селото Непроштено; Тодоровци (1 к.) доселени се од селото Жилче; Симоновци (1 к.) доселени се од селото Долно Палчиште; Кузмановци (2 к.) доселени се од селото Волковија; Серафимовци (1 к.) доселени се од селото Беловиште; Грујевци (1 к.) и Златевци (1 к.) доселени се од селото Радиовце; Спировци (1 к.) доселени се од селото Стенче; Несторовци (1 к.) доселени се од селото Беловиште; Сиљановци (1 к.) доселени се од селото Галичник; Трајковци (1 к.) и Писевци (1 к.) доселени се од селото Лазарополе; Андоновци (1 к.) доселени се од селото Горно Мелничани; Лауревци (2 к.), Анѓелевци (5 к.) и Дупљевци (1 к.) доселени се од селтоо Луковица. Првите два рода подалечно потекло имаат од прилепско, а третиот од областа Матија во Албанија.
  • Српски: Анѓелковиќи (1 к.) доселени се од Лапово; Глишиќи (3 к.) доселени се од Прокупље; Јаниќи (1 к.) доселени се од селото Коњица кај Мостар (БИХ); Стефановиќи (1 к.) и Стојановиќи (1 к.) доселени се од селото Божурна кај Прокупље; Миленковиќи (1 к.). Помеѓу 1928 и 1931 година во селото се доселиле 38 семејства од Србија, Црна Гора, Херцеговина и Лика.[6]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Училиште „Кочо Рацин“.
Цркви

Во селото има осумгодишно основно училиште “Кочо Рацин“, парк во центарот на селото каде се наоѓа споменикот на паднатите борци за време на НОВ. Во селото има стандардно фудбалско игралиште на кое се одржуваат фудбалски средби. Постои амбуланта со постојано вработен лекар и медицински сестри. Во селото постојат повеќе авто-сервиси, дискотеки, кафе-барови, интернет кафеа, продавници. Селото Брвеница има изработено и урбанистички план со што Брвеница е едно од најурбанизираните села во Република Македонија.

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Црква „Св. Атанасиј“.

Во Брвеница постои повеќедецениска традиција во одржувањето на следните настани:

  • Одбележување на Божиќ (6 јануари)
  • Водици (19 јануари)
  • Празникот св. Атанасиј (31 јануари) посветен на црквата св. Атанасиј во Брвеница
  • Прославување на празникот Илинден (втори август)

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Амблемот на ФК Вардар
  • Тумба - археолошки локалитет од неолитот[8]

Последниве години поради немањето финансиски средства, згасна познатиот ФК Вардар од Брвеница.

Селски маала и други топоними[уреди | уреди извор]

Во селото Брвеница и неговата околина се употребуваат следниве топоними: Дубрава · Бара · Бел мост · Бент · Брегови · Гробишта · Игралиште · Јурија · Корија · Коњобара · Ладнача · Пржоа бавча · Седралечки мост · Седралечки пат · Фонтана · Стадион · Центар · Црквино · Шаторица · Школско

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 212.
  2. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 122-123.
  3. Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр. 22.
  4. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  6. Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ. 
  7. "Архиерејска Божествена Литургија во чест на свети Атанасиј Александриски во с. Брвеница" (македонски). МПЦ - ОА. 05.02.2007. конс. 2010-04-29. 
  8. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069. 

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]