Долно Седларце

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Долно Седларце
Долно Седларце is located in Македонија
Долно Седларце
Местоположба на Долно Седларце во Македонија
Координати 41°54′38″N 20°54′38″E / 41.91056° СГШ; 20.91056° ИГД / 41.91056; 20.91056Координати: 41°54′38″N 20°54′38″E / 41.91056° СГШ; 20.91056° ИГД / 41.91056; 20.91056
Општина Coat of arms of Municipality of Brvenica.svg Брвеница
Население 693 жит.
(поп. 2002)
Commons-logo.svg Долно Седларце на Ризницата

Долно Седларце, локално именувано само како Седларце, е село во Општина Брвеница, во околината на градот Тетово. Селото е споено со селото Брвеница.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во регионот Горни Полог. Долно Седларце е рамничарско село од позбиен тип и е споено со селото Брвеница.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век селото е дел од Тетовската каза во Отоманската Империја.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Долно Седларце живееле 40 жители, сите Македонци.[1]

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година, селото било дел од Брвеничка општина (со центар во Жеровјане) во Долнополошкиот срез и имало 17 куќи и 108 жители, Македонци и Албанци.[2]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 693 жители. Следува табела на националната структура на населението:[3]

Националност Вкупно
Македонци 690
Турци 0
Роми 0
Албанци 0
Власи 0
Срби 3
Бошњаци 0
Други 0

На табелата е прикажан бројот на население во сите пописни години:[4]

Година 1900 1929 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 40[1] 108[2] 232 264 402 528 644 672 680 693

Родови[уреди | уреди извор]

Долно Седларце е македонско село.

Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:

  • Смиљановци (9 к.) најстар род во селото, доселени се од Прилепско. Основачи на родот биле браќата Смиљан и Сиљан;
  • Марковци (1 к.) доселени се, но не знаат од каде се доселени;
  • Златевци (3 к.) доселени се од денес албанското село Лисец. Ја знаат следната генеологија Тоде (жив на 19 год. во 1947 година) Коце-Злате-Стојан, кој се доселил во селото;
  • Велковци (8 к.) доселени се од селото Синичане. Од старото село се иселиле двајца браќа Велко и Цветко. Ја знаат следната генеологија Трпе (жив на 80 год. во 1947 година) Јоан-Велко, кој се доселил со неговиот брат;
  • Џиковци (3 к.) се сметаат за гранка на претходно наведениот род. Од старото село се иселиле најпрво во Горно Седларце, па во ова село, ја знаат следната генеологија Тоде (жив на 25 год. во 1947 година) Ристо-Коце-Јован, кој се доселил од Горно Седларце;
  • Цветковци (1 к.) доселени се од денес албанското село Новаќе;
  • Николовци или Призренци (2 к.) доселени се во 1913 година од селото Драјчиќи кај Призрен (Косово и Метохија)
  • Стојановци (1 к.) и Таневци (1 к.) доселени се од поречкото село Брест;
  • Мамикомадовци (1 к.) доселени се од селото Сараќино, каде имаат истоимени роднини, подалечно потекло од Лисец.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Црквата „Св. Атанасиј“ во Долно Седларце

Личности[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.212.
  2. 2,0 2,1 Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.22.
  3. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  5. „Црквата на свети Атанасиј во с. Долно Седларце (тетовско) го прослави својот патрон“ (македонски). МПЦ - ОА. 05.02.2007. конс. 2010-04-27. 
  6. Кариера„“

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]