Жеровјане

Координати: 41°54′55″N 20°56′52″E / 41.91528° СГШ; 20.94778° ИГД / 41.91528; 20.94778
Од Википедија — слободната енциклопедија
Жеровјане

Панорама на Жеровјане

Жеровјане во рамките на Македонија
Жеровјане
Местоположба на Жеровјане во Македонија
Жеровјане на карта

Карта

Координати 41°54′55″N 20°56′52″E / 41.91528° СГШ; 20.94778° ИГД / 41.91528; 20.94778
Општина Боговиње
Население 891 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1213
Шифра на КО 28029
Надм. вис. 456 м
Жеровјане на општинската карта

Атарот на Жеровјане во рамките на општината
Жеровјане на Ризницата

Жеровјане — село во Општина Боговиње, во околината на градот Тетово.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во северозападниот дел на Македонија, во областа Долни Полог, оддалечено 13 километри од градот Тетово.

Историја[уреди | уреди извор]

Според пописот на бугарскиот етнограф Васил К’нчов од 1900 година, во селото Жаровјани забележани се 60 христијани (Македонци).

Стопанство[уреди | уреди извор]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948338—    
1953398+17.8%
1961523+31.4%
1971658+25.8%
1981862+31.0%
ГодинаНас.±%
199116−98.1%
1994861+5281.2%
2002914+6.2%
2021891−2.5%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Албанци.[2]

На пописот од 2002 година, селото имало 914 жители, од кои 3 Македонци, 907 Албанци и 4 Турци.[3]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 891 жител, од кои 881 Албанец и 10 лица без податоци.[4]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[5]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 338
1953 5 342 51 ... 398
1961 31 268 214 ... ... ... 10 523
1971 43 599 12 ... ... 4 658
1981 24 832 2 ... 4 862
1994 18 838 3 1 1 861
2002 3 907 4 914
2021 0 881 0 0 0 0 0 0 10 891

Родови[уреди | уреди извор]

Жеровјане е денес предоминантно албанско село. А порано во селото имало и Турци и Македонци.

Според истражувањата од 1948 година, родови во селото:

Турски

  • Азнетар (2 к.) доселени се од Анадолија. Во Жеровјане се доселиле преку Тетово. Они се најстари муслимани во селото. Доселени се во крајот на XIX век.
  • Коџа Бег (2 к.) доселени се од Турција. Поради брачни врски со Албанците почнале да зборуваат и албански.
  • Леко (1 к.) доселени се од селото Врапчиште. Таму припаѓале на големиот род Леко, иако зборуваат турски, и се изјаснуваат за Турци. Нивното потекло е од Љума во северна Албанија.

Албански

  • Маџар (4 к.) доселени се од селото Горјане. Подалечно потекло од Љума во северна Албанија.
  • Муртезан (3 к.) доселени се од селото Церово.
  • Дерала (1 к.) доселени се од селото Градец. Таму имаат истоимени роднини.
  • Рамалар (1 к.) доселени се од селото Горјане.
  • Река (1 к.) доселени се од селото Раковец.
  • Љок (1 к.) доселени се од селото Чегране.
  • Суфе (3 к.) доселени се од селото Теново.
  • Ндрече (2 к.) доселени се од селото Градец.
  • Пелелеси (1 к.) доселени се од селото Чегране.
  • Матњан (1 к.) доселени се од селото Форино.
  • Бодин (1 к.) доселени се од селото Ломница.
  • Зибер (1 к.) доселени се од селото Градец.
  • Хосе (7 к.) доселени се од селото Ново Село.
  • Дервиш или Јусуф (4 к.) доселени се од селото Рогле.
  • Беќир (1 к.) доселени се од селото Групчин.
  • Идризи (1 к.) доселени се од селото Бојане.
  • Емрула (1 к.) доселени се од селото Горанце кај Качаник во Косово.
  • Зиза или Ибиш (3 к.) доселени се од селото Боговиње.
  • Бакиалар (1 к.) доселени се од селото Добри Дол.

Македонски

  • Аврам Станкоски (1 к.) Аврам се доселил со семејството во 1912 година од селото Јабланица кај Струга. Таму припаѓал на родот Лековци. Од Жеровјане имале иселеници во Скопје.[6]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 2058 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[7]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 669 гласачи.[8]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  3. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  4. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
  6. Трифуноски, Јован (1976). Полог: антропогеографска проучавања. Белград: САНУ.
  7. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  8. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]