Туденце

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Туденце е село во Општина Јегуновце, во околината на градот Тетово.


Туденце
Туденце се наоѓа во Republic of Macedonia
Туденце
Местоположба на Туденце во Македонија
Координати 42°01′48″ СГШ 21°07′05″ ИГД / 
Општина Општина Јегуновце
Население 431 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1215 Јегуновце
Повик. бр. 376
Мреж. место Туденце


Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Туденце лежи во Полошката Котлина, поточно во областа Долни Полог и се наоѓа на 13 километри од Тетово, во подножјето на планината Жеден. Административно припаѓа на Општина Јегуновце и како и поголемиот дел од селата во оваа општина е од збиен тип и до селото се стигнува по асфалтиран пат од сите страни.

Историja[уреди | уреди извор]

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во отоманските даночни регистри од 1626-1627 година е обележано селото Туденце со 32 домаќинства.

Според статистиката на Васил К'нчов (Македонија, Етнографија и статистика) од 1900 година, Туденце има 285 жители, сите Македонци.[1]

Според секретарот на егзархијата Димитар Мишев од 1905 година, во Туденце живеат 160 жители, Македонци патријаршисти.[2]

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година, во Туденце има 82 куќи со 625 жители, Македонци.[3]

Според пописот од 2002 година, Туденце има 431 жител, сите Македонци.[4]

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[5]

Година 1900 1905 1929 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 285[1] 160[2] 625[3] 554 570 521 539 536 501 446 431

Родови[уреди | уреди извор]

Туденце е чисто македонско православно село. Родовите во селото се староседелски и доселенички. Поголемиот број родови во селото се доселенички.[6]

Родови во селото се:

  • Гоедаровци (1 к.), старинци, за нив се зборува дека многу умирале затоа имаат сега само 1 куќа, имаат иселеници во Белград(1 к.) и Бугарија (1 к.);
  • Богојевци (7 к.), се доселил основачот на родот Богоја, кој бил од селото Бојане, Скопско, овде се доселени во ХVIII век и ја знаат следната генеологија Самојл (жив на 65 год. во 1945 година) Анасија-Ѓоре-Трпче-Богоја, кој се доселил од селото Бојане, имаат иселеници во Тетово (2 к.) и Романија (2 к.);
  • Вражевци (29 к.), доселени се од селото Врбјани, Дебарца, доселени се на самиот старт од XIX век, во местото на старина убиле еден овчар од родот Радевци затоа пребегнале во Туденце, во Врбјани им се род Муратовци, помирувањето помеѓу овие два рода се случил после 90 години,[7] ја знаат следната генеологија Атанас (жив на 78 год. во 1945 година) Ристо-Маринко-Стојан основачот на родот,кој се доселил од Врбјани, имаат иселеници во Тетово (2 к.), Бугарија (2 к.) и Брвеница(1 к.);
  • Жилчанци (7 к.), доселени се од Охридско, преку Жилче, од тука и името на родот, основачот на родот се викал Стојан, кој бил храбар човек, затоа него го „закумиле“ од родот Вражевци, да го брани селото од пљачкашите од селото Бојане, ја знаат следната генеологија, Јосиф (жив на 50 год. во 1945 година) Тоде-Момир-Трпче-Стојан основачот на родот, доселени се во време кога се доселиле и Вражевци;
  • Димчевци (12 к.), доселени се во исто време кога и Вражевци и Жилчанци, доселени се од гостиварското село Тумчевиште, имаат иселеници во Романија (1 к.);
  • Смиљковци (2 к.), доселени се од гостиварското село Волковија, потекнуваат од предокот Смиљко, кој дошол како домазет, ја знаат следната генеологија Нико (жив на 60 год. во 1945 година) Диме-Даљко-Смиљко кој се доселил, отселени имаат во Тетово (2 к.) и Бугарија (1 к.);
  • Поповци (6 к.), имаат исто потекло како и Димчевци, ја знаат следната генеологија Софре (жив на 50 год. во 1945 година) Коце-Димко-Гавро, во Тумчевиште имале предок свештеник, но него го убиле некои муслимани и затоа пребегнале;
  • Мали Милошевци (3 к.), доселени се од селото Тумчевиште, во овој род имало предок мали Милош, имаат иселеници во Прељубиште (1 к.), Тетово (1 к.), Романија (1 к.) и САД (1 к.);
  • Големи Милошевци (3 к.), родот го основал Голем Милош, кој се доселил од селото Церово, кое е сега албанско село и ја знаат следната генеологија Петре (жив на 60 год. во 1945 година) Коце-Милош кој се доселил, имаат иселеници во Бугарија (1 к.);
  • Гале (1 к.), основачот на родот дошол како домазет од Долна Лешница, овде влегол во родот Вражевци, а во Долна Лешница припаѓал на родот Кузмановци, кој таму е доселен од Порече (од Брезница или Сушица);
  • Никушевци (2 к.), основачот на родот дошол како домазет од селото Прељубиште, овде влегол во родот Димчевци;
  • Томевци (2 к.), основачот на родот дошол како домазет во 1916 година од селото Горно Село во Средска, денес на Косово, влегол во родот Димчевци;
  • Гого (1 к.), основачот на родот дошол како домазет од селото Беловиште, влегол во родот Поповци;
  • Крсто (1 к.), основачот на родот дошол како домазет од селото Непроштено, влегол во родот Поповци;
  • Петруш (1 к.), основачот на родот дошол како домазет од селото Сетоле, влегол во родот Жилчанци, во Сетоле припаѓал на староседелскиот род Тасевци; и
  • Урошовци (1 к.), основачот на родот дошол како домазет од селото Слатино од истоимениот род, кој таму бил доселен од Овче Поле.

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Фудбалскиот клуб Младост, реактивиран летото 2017, моментално се натпреварува во општинската лига на Тетово каде во сезоната 2017/18 заврши на 6-тото место од девет екипи.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Селото изобилува со иселеници кои се наоѓаат како во Европа, така и во прекуокеанските земји, па и во Азија и Африка.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1902, стр. 211.
  2. 2,0 2,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp.122-123.
  3. 3,0 3,1 Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.23.
  4. „Попис на Македонија“. Завод за статистика на Македонија. 2002. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf. посет. 28 јули 2016 г. 
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  6. Ф., Трифуноски, Јован (1976). Полог : антропогеографска проучавања. Srpska akademija nauka i umetnosti. OCLC 5846115. http://worldcat.org/oclc/5846115. 
  7. Ф., Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. Srpska akademija nauka i umetnosti. ISBN 8670251582. OCLC 27418468. http://worldcat.org/oclc/27418468. 
  8. СВ. ЃОРЃИ НИ ОТКРИ ЦРКВА ОД 4. ВЕК Таков триконхос нема во јужна Европа“, Вечер (посет. 27 април 2010 г). (на македонски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]