Цоки Стојановски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Цоки Стојаноски
09.01.1973 – 31.07.2001 (28 г.)

Роден во:Тетово, СР Македонија СР Македонија
Починал во:Брвеница, Тетовско
Починал на:31 август 2001
Служба во:Македонија Македонија
Чин:Полицаец на МВР
Единици: СВР Тетово
Битки/војни:Војна во Македонија 2001
Одличја: Медал за храброст


Цоки Стојаноски (Тетово, 9 јануари 1973Брвеница, Тетовско, 31 август 2001) бил македонски бранител, полицаец на СВР Тетово и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинува во заседа кога врз службеното возило во кое се наоѓал тој, терористите отвориле оган од пушкомитралези и минофрлачи. Тој починал на самото место од тешките прострелни рани во градите.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Живот, војната 2001 и смрт[уреди | уреди извор]

Биста во селото Туденце

На полноќ на 31 јули 2001 година, во пресрет на големиот Илинден, Цоки беше на работното место на патот Тетово - Брвеница. Непријателскиот истрел од во темнината непознат и невидлиц правец го усмрти на 28 годишна возраст. Остави во тага семејство со две деца на чие детство неизмерно се радуваше и им го посветуваше секој слободен миг од својот динамичен живот.

Колегите од полициската станица за безбедност на патниот сообраќај во Тетово својот колега ќе го паметат по безстрашноста и високата професионалност и нескриениот патриотизам. Цоки зад себе остави сопруга со две деца. Цоки Стојановски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р. Македонија.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Полицаецот Цоки Стојаноски погребан под силно полициско обезбедување“. Вест. 6 август 2001. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-08-30.
  2. „Посмртно одликување со Медал за храброст за 32 припадници на безбедносните сили на МВР“. president.mk. 7 мај 2013. Архивирано од изворникот на 2019-03-28. Посетено на 2019-03-30.