Орашје
Орашје | |
Поглед на селото Орашје од далечина | |
Координати 42°7′47″N 21°8′12″E / 42.12972° СГШ; 21.13667° ИГД | |
Регион | Полошки |
Општина | Јегуновце |
Област | Долен Полог |
Население | 625 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1215 (Долно Орашје) 1225 (Орашје) |
Повик. бр. | 044 |
Шифра на КО | 28054 |
Надм. вис. | 620 м |
Орашје на општинската карта Атарот на Орашје во рамките на општината | |
Орашје на Ризницата |
Орашје — село во Општина Јегуновце, во областа Долен Полог, во околината на градот Тетово.
Селото Орашје е поделено на два дела. Главното село се наоѓа во близина на регионалниот пат 1203, кој води до граничниот премин Јажинце, додека издвоениот дел наречен Долно Орашје се наоѓа на самиот регионален пат 2234, кој води за селото Јегуновце.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа на крајниот североисточен дел на областа Долен Полог, на територијата на Општина Јегуновце, чиј атар се допира со просторот на Скопската Котлина.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 620 метри. Од градот Тетово е оддалечено 27 километри.[2]
Во непосредна близина на селото поминува регионалниот пат 1203, кој го поврзува Тетово со граничниот премин „Јажинце“.
Селото се наоѓа во крајниот североисточен дел на Полог во долината на Вратничка Река. Околу села се Нераште на југозапад, Вратница на северозапад и Старо Село на север.[3]
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Жеден, Дол, Карце, Зебљак, Кале, Вратничка Река, Марков Камен, Горно Поле, Долно Поле, Дервен, Млаче, Ограде, Суа Река, Вардар, Три Меѓи, Магаречки Дол, Рид и Стожер.[3]
Селото има збиен тип со една главна улица околу која се куќите. Поделено е на три маала: Мал Зез, Суљалар и Теш.[3]
Долно Орашје
[уреди | уреди извор]Долно Орашје се наоѓа четири километри југоисточно од главното село Орашје непосредно покрај Вардар во Дервенската Клисура. Над Долно Орашје се наоѓаат остатоците на старата населба наречена Градиште. Поради ова Градиште, во литературата оваа населба е забележана и како Орашко Градиште.
Месностите ги носат следниве имиња: Градиште или Каља, Прслина, Буџак, Река Саат (Сува Река), Вардар и Шулон (Присој).[3]
Историја
[уреди | уреди извор]Орашје е старо село, кое најпрвин било населено со православни Македонци. Тие побегнале од Градиште, околу 4 километри јужно од селото. Овие први родови на селото подоцна се иселиле, а еден род кој останал бил исламизиран. Од крајот на XVIII век, Орашје растело со доселување и природниот прираст на муслиманските Албанци.[3]
Во османлиските даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Калканделен од 1626 - 1627 година Орашје е забележано како село со 5 домаќинства.[4]
Денес, се знае за следниве иселени православни македонски родови од Орашје, кои отишле во соседните села. Тоа се Краговци (2 к.), кои живеат во Старо Село. Тие во Орашје имале предок Крага, кој се иселил во Старо Село, но неговиот брат останал во Орашје, каде го примил исламот и се албанизирал. Од братот потекнува орашкиот род Куљаш (18 к. во Орашје, а 5 к. преминале во Долно Орашје). Друг иселен македонски род е Мажиќевци (3 к.), кои живеат во Вратница. За нив се говори дека во Орашје имале тројца предци, кои биле браќа. Еден го примил исламот и останал во Орашје, другиот се иселил во Старо Село, а третиот во Вратница.[3]
Долно Орашје
[уреди | уреди извор]Долно Орашје повторно се населило во 1915 година со членови на родот Куљаш (5 к.). Тие се преместиле во Долно Орашје, откако нивните куќи во Орашје биле запалени, а во Долно Орашје имале трла. Овие трла ги направиле куќи, а околу куќите со сечење на шумата направиле обработливи површини. Родот Куљаш (или Аметовци, по предокот Амет) е гранка на исламизираниот и албанизираниот словенски род во Орашје, каде биле староседелци.[3]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот на селото зафаќа простор од 9,4 км2, при што преовладуваат пасиштата со површина од 365 хектари, на шумите отпаѓаат 323 хектари, а на обработливото земјиште 144 хектари.[2]
Во основа, селото има полјоделско-сточарска функција. Во селото работат услужни објекти.[2]
Долно Орашје
[уреди | уреди извор]Мештаните се занимавале со земјоделство, сточарство и работеле во рудникот Радуша.[3]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Орашје живееле 195 жители, сите Албанци.[5]
Според Афанасиј Селишчев во 1929 година, Орашје е село во Рогачевската општина и има 56 куќи со 371 жител, Албанци.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 350 Албанци и 100 Македонци, додека во населбата „Станица Орашје“ живееле 50 Албанци.[7]
Орашје во 1961 година имало 645 жители, од кои 605 биле Албанци, 36 Турци и тројца жители Македонци. Во 1994 година бројот се зголемил на 929 жители, а селото е исклучително населено само со албанско население.[2]
Пописот од 1991 година не бил одржан во селото Орашје, бидејќи целото негово население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема податоци.[заб 1]
Според пописот од 2002 година, во селото Орашје живееле 1.084 жители, од кои 1.078 Албанци, 1 Бошњак и 5 останати.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 625 жители, од кои 569 Албанци и 56 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 195 | — | 535 | 569 | 645 | 802 | 939 | 0 | 929 | 1.084 | 625 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Родови
[уреди | уреди извор]Денес, Орашје е албанско муслиманско село, иако во минатото во него живеело само македонско православно население. Денешните родови се чисто албански, додека некои се исламизирани и албанизирани Словени.[3]
Според истражувањата од 1948 година, родови во селото се:
- Родови со словенско потекло: Куљаш или Куљанчои (18 к.), исламот го примиле во времето кога се доселиле другите муслимански Албанци. Од тогаш понатака мешајќи се со Албанците целосно се албанизирале. Куљаш за нив сега кажуваат дека припаѓаат на фисот Красниќи. Тие имаат православни роднини во селото Старо Село. Имаат иселеници во Орашко Градиште, Радуша и во Тетово (пет семејства).
- Албански родови: Теш (11 к.), по потекло се од фисот Красниќи. Го знаат следното родословие: Ибраим (жив на 70 г. во 1948 година) Џафер-Ариф-Мамут-Браим, кој се доселил во селото. Имаат иселеници во Тетово (пет семејства); Мал Зез (10 к.), доселени се од Малесија во северна Албанија. Го знаат следното родословие: Алил (жив на 55 г. во 1948 година) Идриз-Алил-Адем, предокот кој се доселил. Имаат иселеници во Слатино, Озормиште и во Тетово (едно семејство); Арнор (8 к.), по потекло се од фисот Бериша во северна Албанија. Го знаат следното родословие: Ислам (жив на 45 г. во 1948 година) Реџеп-Браим-Реџеп, кој се доселил во селото. Имаат иселеници во Тетово (две семејства); Џин (3 к.) и Алиалар (3 к.), доселени се од фисот Бериша во северна Албанија; Сурој (3 к.), доселени се од фисот Красниќи. Името го добиле по местото во Малесија во Северна Албанија.
- Роми: Шабан (1 к.), се доселил од некое полошко село и се занимава како ковач.
Иселеништво
[уреди | уреди извор]Од почетокот на XIX век од ова село почнало да се иселува старото православно население. Се знае за иселеници на следните места од старите православни семејства од ова село. Краговци, иселени се во селото Старо Село. Мажиќевци, иселени се во селото Вратница.[3]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]- ПУ „Симче Настевски“ - Долно Орашје, подрачно петгодишно основно училиште во состав на ОУ „Симче Настевски“ - Вратница; и
- ПУ „Симче Настевски“ - Орашје, подрачно петгодишно основно училиште во состав на ОУ „Симче Настевски“ - Вратница.
- ЖС „Орашје“, железничко стојалиште во близина на Долно Орашје
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Во XIX век, Орашје било село во Тетовската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Јегуновце, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Вратница.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Тетово. Селото припаѓало на некогашната општина Теарце во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Вратница, во која покрај селото Орашје, се наоѓале и селата Беловиште, Вратница, Јажинце, Нераште, Одри, Првце, Рогачево и Старо Село. Општината Вратница постоела и во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Беловиште, Вратница, Јажинце, Одри, Орашје, Рогачево и Старо Село.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постојат избирачките места бр. 2133 и 2134 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.110 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.143 гласачи.[16]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[17]
- Орашко Кале-Собри — утврдена населба од доцноантичкото време и средниот век со црква и некропола. Тврдината под името Хисар постоела и во XV век.[18][19][20][21][22][23]
- Џамии[24]
- Реки[25]
- Ракита — извира на Шар Планина, лева притока на Вардар
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Џамијата во Долно Орашје
-
Стојалиштето во Долно Орашје
-
Поглед на Долно Орашје
-
Улица во Долно Орашје
-
Долно Орашје погледнато од Дворце
-
Улица во Долно Орашје
-
Улица во Долно Орашје
-
Ракита пред вливот во Вардар
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 220. Посетено на 5 февруари 2022.
- ↑ 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ. стр. 300–301.
- ↑ Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 335
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1902, стр. 211.
- ↑ Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929, стр.23.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 5 февруари 2022.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Предвремени избори за пратеници 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 5 февруари 2022.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 422. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Цвииќ Ј., 1911
- ↑ Дероко А., 1950
- ↑ Алексова Б., 1959, 217
- ↑ Томоски Т., 1976
- ↑ Трифуноски Ј., 1976
- ↑ Микулчиќ И., 1982 б, 135-138
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 45. ISBN 978-9989-2117-6-8.
- Забелешки
- ↑ Во пописот од 1991 година, во населените места: Грачани, Никиштане, Ново Село (Боговиње), Раковец, Селце Кеч, Гургурница, Долно Јаболчиште, Клуковец, Добовјани, Врановци, Јажинце, Орашје, Равен, Спас, Богојци, Поум, Џепин, Долна Ѓоновица, Горна Лешница, Групчин, Добарце, Копачин Дол, Ларце, Мерово, Ново Село (Желино), Палатица, Рогле, Седларево, Стримница, Церово, Чифлик (Желино), Грешница, Длапкин Дол, Долно Строгомиште, Колибари, Речани - Зајаско, Вражале, Горно Седларце, Новаќе, Синичане, Мамудовци, Трапчин Дол, Горно Свиларе, Дворце, Рашче, Алашевце, Ваксинце, Виштица, Глажња, Гошинце, Злокуќане, Извор (Липково), Липково, Лојане, Оризари, Отља, Р’нковце, Руница, Слупчане, Стрима, Бибај, Богдево, Грекај, Нивиште, Орќуше, Рибница, Горјане, Градец, Ѓурѓевиште, Ломница, Арангел, Жубрино, Папрадиште, Ќафа, Црвивци, Бојане, Копаница, Паничари, Раовиќ, Чајлане, Патишка Река, Света Петка, Чифлик (Сопиште), Лакавица, Падалиште, Србиново, Страјане, Трново, Франгово, Шум, Алдинци, Горно Количани, Драчевица, Рамни Габер, Црвена Вода, Црн Врв, Нераште, Вејце, Селце, Корито, Блаце, Брест, Танушевци, Ѓермо, Порој, Бозовце, Бродец, Вешала и Шипковица, целото население не прифати да земе учество (го бојкотираше) во Пописот.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|