Озормиште
Озормиште | |
Координати 42°0′50″N 21°4′14″E / 42.01389° СГШ; 21.07056° ИГДКоординати: 42°0′50″N 21°4′14″E / 42.01389° СГШ; 21.07056° ИГД | |
Општина | ![]() |
Население | 1.219 жит. (поп. 2002) |
Шифра на КО | 28053, 28553 |
Надм. вис. | 392 м. м |
Озормиште — село во Општина Желино, во околината на градот Тетово.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во Долни Полог, на бреговите на реката Вардар. Селото е во непосредна близина на селото Палатица.
Историја[уреди | уреди извор]
Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало население од 84 христијани (Македонци) и 30 муслимани (Албанци).[1] Според податоците на бугарскиот публицист Димитар Мишев, селото во 1905 година имало 64 жители христијани (Македонци).[2]
Рускиот публицист Афанасиј Селишчев во 1929 година забележал дека селото било дел од Општина Шемшово и имало 9 куќи со 90 жители Македонци.[3]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Селото е рамничарско и главна стопанска гранка е земјоделството.
Демографија[уреди | уреди извор]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.219 жители. Следува табела на националната структура на населението[4]
Националност | Вкупно |
Македонци | 0 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Албанци | 1 208 |
Власи | 0 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 0 |
останати | 11 |
На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[5]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 114[1] | 64[2] | 116 | 137 | 206 | 314 | 459 | 970 | 1.219 |
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 2089 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[6]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 612 гласачи.[7]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 212.
- ↑ 2,0 2,1 Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 122-123.
- ↑ Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 24.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Сателитска снимка на Озормиште на Карти на Гугл
![]() |
Оваа статија за за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|