Желино

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Желино
Желино is located in Македонија
Желино
Местоположба на Желино во Македонија
Координати 41°58′49″N 21°3′51″E / 41.98028° СГШ; 21.06417° ИГД / 41.98028; 21.06417Координати: 41°58′49″N 21°3′51″E / 41.98028° СГШ; 21.06417° ИГД / 41.98028; 21.06417
Општина Coat of arms of Želino Municipality.svg Желино
Население 4110 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 421 м
Commons-logo.svg Желино на Ризницата

Желино — село во Општина Желино, во околината на градот Тетово.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во северното подножје на Сува Гора, од десната страна на Вардар, на околу 500 метри надморска височина. Низ селото поминува магистралниот пат М-4 кој го поврзува на запад со Тетово, а на исток со Скопје. Оддалечено е 9 километри источно од Тетово.

Историja[уреди | уреди извор]

Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К'нчов, селото во 1900 година имало население од 490 муслимани (Албанци).[1] Рускиот публицист Афанасиј Селишчев во 1929 година забележал дека селото било дел од Општина Желино и имало 144 куќи со 784 Албанци.[2]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Желино живееле 400 жители, сите Албанци.[3]

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година Брвеница е село во Желинска општина (со центар во Сараќино) во Долнополошкиот срез и има 144 куќи со 784 жители, сите Албанци.[4]

Според послениот Попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 4.110 жители и 550 домакинства. Следува табела на националната структура на населението[5]

Националност Вкупно
Македонци 0
Албанци 4.100
Турци 0
Роми 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 1
Други 9

На табелата е прикажан бројот на население во сите пописни години:[6]

Година 1900 1929 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 400[3] 784[4] 1.351 1.525 1.766 2.351 3.111 105[7] 3.679 4.110

Личности[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 212.
  2. Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 24.
  3. 3,0 3,1 Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 212.
  4. 4,0 4,1 Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 23.
  5. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  6. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  7. Во Пописот од 1991 година, во населените места: Страчинци, Љуботен, Арачиново, Грушино, Мојанци, Орланци, Боговиње, Жеровјане, Пирок, Милетино, Радиовце, Теново, Челопек, Горно Јаболчиште, Велешта, Горно Татеши, Долно Татеши, Врапчиште, Топлица, Вруток, Долно Јеловце, Здуње, Речане, Балин Дол, Беловиште, Гостивар, Дебреше, Мало Турчане, Чајле, Баниште, Дебар, Кривци, Селокуќи, Хаме, Делогожди, Корошишта, Ливада, Мислодежда, Ново Село (Делогожди), Горна Бањица, Долна Бањица, Симница, Долна Лешница, Желино, Озормиште, Требош, Бачишта, Букојчани, Горно Строгомиште, Зајас, Колари, Лешница, Палиград, Смесница, Копанце, Шемшево, Горно Палчиште, Долно Палчиште, Камењане, Кичево, Долно Свиларе, Кондово, Радуша, Рудник Радуша, Бедиње, Горно Коњаре, Д`лга, Куманово, Лопате, Романовце, Сопот, Табановце, Черкези, Белановце, Матејче, Никуштак, Опае, Ропалце, Жужње, Нистрово, Сенце, Тануше, Добри Дол, Калиште, Неготино-Полошко, Сенокос, Бериково, Гарани, Јагол, Ново Село (Осломеј), Поповјани, Премка, Србица, Стрелци, Туин, Шутово, Охрид, Ќојлија, Арнакија, Буковиќ, Грчец, Крушопек, Ласкарци, Љубин, Семениште, Барово, Јаболци, Биџево, Долна Белица, Заграчани, Калишта, Радолишта, Струга, Батинци, Вртекица, Морани, Студеничани, Глоѓи, Доброште, Непроштено, Пршовце, Слатино, Теарце, Голема Речица, Лавце, Мала Речица, Сараќино, Тетово, Баланци, Форино, Чегране, Џепиште, Гајре, Лисец, Скопје дел - Гази Баба, Скопје дел Карпош, Скопје дел - Центар и Скопје дел - Чаир, дел од жителите не прифатија да замат учество (го бојкотираа) во Пописот.
  8. РАМАДАНИ АГИМ - Собрание на Македонија
  9. Agim Ramadani - CV, Univerziteti shtёteror i Tetovёs


Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]