Мерово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мерово
Мерово is located in Македонија
Мерово
Местоположба на Мерово во Македонија
Координати 41°56′13″N 21°10′30″E / 41.93694° СГШ; 21.17500° ИГД / 41.93694; 21.17500Координати: 41°56′13″N 21°10′30″E / 41.93694° СГШ; 21.17500° ИГД / 41.93694; 21.17500
Општина Coat of arms of Želino Municipality.svg Желино
Население 901 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 747 м
Мерово на општинската карта
Мерово во Општина Желино.svg

Атарот на Мерово во рамките на општината
Commons-logo.svg Мерово на Ризницата

Мерово е село во Општина Желино, во околината на градот Тетово. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 901 жител.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Долни Полог. Мерово лежи на горното течение на Суводолица, на северните падини на Сува Гора.

Историja[уреди | уреди извор]

Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К'нчов, селото во 1900 година имало население од 165 муслимани (Албанци).[1] Рускиот публицист Афанасиј Селишчев во 1929 година забележал дека селото било дел од Општина Групчин и имало 70 куќи со 376 жители Албанци.[2]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 901 жители. Следува табела на националната структура на населението[3]

Националност Вкупно
Македонци 1
Турци 0
Роми 0
Албанци 882
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
Други 18

Личности[уреди | уреди извор]

  • Риза Идризи (р. 11 август 1928) - учесник во НОАВМ во 1944 и член на КПМ од 1946 година

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 212.
  2. Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 24.
  3. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]