Седларево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Седларево
Sedlarevo06.JPG

Панорама на селото Седларево

Седларево is located in Македонија
Седларево
Местоположба на Седларево во Македонија
Координати 41°52′59″N 21°07′39″E / 41.88306° СГШ; 21.12750° ИГД / 41.88306; 21.12750Координати: 41°52′59″N 21°07′39″E / 41.88306° СГШ; 21.12750° ИГД / 41.88306; 21.12750
Регион Logo of Polog Region.svg Полошки
Општина Coat of arms of Želino Municipality.svg Желино
Население 1.611[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1218
Повик. бр. 044
Надм. вис. 1.281 м
Седларево на општинската карта
Седларево во Општина Желино.svg

Атарот на Седларево во рамките на општината
Commons-logo.svg Седларево на Ризницата


Седларево — село во Општина Желино, во околината на градот Тетово. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 1.611 жители.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Седларево лежи на горното течение на Суводолица, на северните падини на Сува Гора.

Сместено е во сливот на реката Треска. Географски Седларево припаѓа на областа Порече, но историски се води како дел од Полог.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото Седларево е доста старо населено место, бидејќи под истото име се споменува уште во XIV век, кога една четвртина од селото била во посед на некој Исак, кој својот дел го приложил на црквата Св. Богородица во Тетово, а тоа во грамота го потврдил царот Душан[2]. Во 1348 година, царот Душан, го приложил селото Седларево на манастирот Хиландар[2]. Кон крајот на XV век Седларево веќе се споменува како село Хума Шах султанино[3].

Пишани докази за Седларево се наоѓаат во турските пописни дефтери од XV век, односно од опширниот пописен дефтер бр. 12 за Скопскиот вилает од 1452/53 година, каде за селото е запишано дека во него живееле со 6 христијански македонски семејства кои произведувале пченица, јачмен, овес, 'рж, бостан, чувале свињи и пчели за што се остварувал севкупен обрт од приходи и давачки од 396 акчиња[3]. Подоцна во XIV век во пописните дефтери од 1544 година Седларево имало 28 македонски христијански семејства, а во 1568 година биле регистрирани 33 христијански семејства[3]. Во пописните дефтери од 1544 и 1568 година има податоци дека ова село заедно со селата Шишево, Кондово, Глумово и Калуѓерица ѝ биле доделени на жена му на Мустафа паша како мулк од султанот Бајазит, која подоцна ги увакуфила при своето завие и турбето што ги изградила кај мостот во Скопје[3]

Кон крајот на XIX век, Седларево било албанско село во Тетовската каза на Отоманското царство. За него македонскиот револуционер Ѓорче Петров, во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија, запишувајќи го под погрешното име Сема забележал дека се наоѓа на 1 ½ час од Луковица и како и тоа село сместено е во Сува Гора, а неговите жители изработувале многу лажици, кои биле најдобрите во Тетовско[4]. Во тоа време по нашите места се правеле лажици од различни дрва, но тука ги правеле од зеленика, којашто расте на неголеми дрва на многу места по Сува Гора, а зелениковите дрвени лажици се сметале за најдобри[4].

Население[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година Саларево било село населено со 330 жители Македонци христијани и 106 Албанци муслимани.[5]Според рускиот издавач Афанасиј Селишчев во 1929 година, Седларево било центар на истоимената општина од три села во областа Долни Полог и имало 96 куќи со 350 жители Македонци.[6]

Пописот од 1991 година не бил одржан во селото Седларево, бидејќи неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, во селото нема забележани податоци.[заб 1]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.611 жители. Следува табела на националната структура на населението[7]

Националност Вкупно
Македонци 0
Турци 0
Роми 0
Албанци 1 605
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 2
Други 4

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[8] 1905[9] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 438 711 762 868 1.098 1.269 1.508 1.611
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови[уреди | уреди извор]

Во селото Седларево денес живее албанско муслиманско население, кое започнало да се доселува од крајот на XVIII век. Родови кои живеат во селото се: Секралар се доселиле на крајот на XVIII век од селото Врбјани во Горна Река, Казалар и Љамалар имаат исто потекло како и претходниот род, Бољетин потекнуваат од 3 или 4 брата кои дошле од македонското муслиманско (торбешко) село Болетин во Долна Река и порано во своите куќи зборувале на македонски јазик, Синалар и за нив се мисли дека се дојдени од Долна Река и најпрвин говореле македонски јазик, а времето на доселување не го знаат, Зеќиралар се доселиле во 1925 година од соседното село Луковица, а вистинското подалечно потекло им е од Гостиварско од каде се иселиле како православен македонски род под име Кросовци од кој пак еден предок кој бил момок во блиското село Мерово се оженил со Албанка и преминал на ислам прифаќајќи го името Суљо при што основал нов род во Луковица по име Чистиловци од кои потекнува овој седларевски род[2].

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Желино, една од ретките општини која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така било дел од некогашната Општина Желино.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Тетово. Селото припаѓало на некогашната општина Сараќино во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Групчин, во која покрај селото Седларево, се наоѓале и селата Групчин, Гургурница, Добарце, Копачин Дол, Ларце, Луковица, Мерово, Ново Село, Рогле, Церово и Чифлик. Во периодот 1950-1952 година селото претставувало седиште на истоимената општина, во која влегувале селата Гургурница, Луковица и Седларево.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки локалитети[11]

Личности[уреди | уреди извор]

Загинати во Седларево

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 24 март 2016. 
  2. 2,0 2,1 2,2 Трифуноски, Јован (1976) (на српски). Села на Сухој Гори. Белград: САНУ. стр. 4–6. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Соколоски, Методија (1976) (на македонски). Турски документи за историјата на македонскиот народ. III. Скопје: Архив на Македонија. стр. 275. 
  4. 4,0 4,1 Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски. уред. Материјали по изучувањето на Македонија (2016 издание). Скопје: Единствена Македонија. стр. 307. ISBN 978-608-245-113-8. 
  5. К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 212.
  6. Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 23.
  7. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  11. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Забелешки
  1. Во пописот од 1991 година, во населените места: Грачани, Никиштане, Ново Село (Боговиње), Раковец, Селце Кеч, Гургурница, Долно Јаболчиште, Клуковец, Добовјани, Врановци, Јажинце, Орашје, Равен, Спас, Богојци, Поум, Џепин, Долна Ѓоновица, Горна Лешница, Групчин, Добарце, Копачин Дол, Ларце, Мерово, Ново Село (Желино), Палатица, Рогле, Седларево, Стримница, Церово, Чифлик (Желино), Грешница, Длапкин Дол, Долно Строгомиште, Колибари, Речани - Зајаско, Вражале, Горно Седларце, Новаќе, Синичане, Мамудовци, Трапчин Дол, Горно Свиларе, Дворце, Рашче, Алашевце, Ваксинце, Виштица, Глажња, Гошинце, Злокуќане, Извор (Липково), Липково, Лојане, Оризари, Отља, Р’нковце, Руница, Слупчане, Стрима, Бибај, Богдево, Грекај, Нивиште, Орќуше, Рибница, Горјане, Градец, Ѓурѓевиште, Ломница, Арангел, Жубрино, Папрадиште, Ќафа, Црвивци, Бојане, Копаница, Паничари, Раовиќ, Чајлане, Патишка Река, Света Петка, Чифлик (Сопиште), Лакавица, Падалиште, Србиново, Страјане, Трново, Франгово, Шум, Алдинци, Горно Количани, Драчевица, Рамни Габер, Црвена Вода, Црн Врв, Нераште, Вејце, Селце, Корито, Блаце, Брест, Танушевци, Ѓермо, Порој, Бозовце, Бродец, Вешала и Шипковица, целото население не прифати да земе учество (го бојкотираше) во Пописот.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]