Рогле
Рогле — село во Општина Желино, во околината на градот Тетово. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 566 жители.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во областа Долни Полог. Мерово лежи на горното течение на Суводолица, на северните падини на Сува Гора. Селото е во близина на селото Ново Село.
Историја[уреди | уреди извор]
Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало население од 135 муслимани (Албанци).[1] Рускиот публицист Афанасиј Селишчев во 1929 година забележал дека селото било дел од Општина Групчин и имало 42 куќи со 263 жители Албанци.[2]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 566 жители. Следува табела на националната структура на населението[3]
Националност | Вкупно |
Македонци | 0 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Албанци | 566 |
Власи | 0 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 0 |
останати | 0 |
Родови[уреди | уреди извор]
Рогле е албанско село.
Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се:
- Качер (35 к.) потекнуваат од фисот Круја Зи во северна Албанија. Од старото место се иселиле тројца браќа и нивниот внук. Од нив едниот брат со внукот се населил во Рогле. Вториот брат преку Рогле се населил во Бојане, а третиот во кумановското село Слупчане. Овде се доселиле пред 200 години.
- Шкрете или Мемете (1 к.) доселени се, но не знаат од каде. Имаат изумрени домаќинства.
- Цоке (7 к.) доселени се од некое место во северна Албанија.[4]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 2099 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[5]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 564 гласачи.[6]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 212.
- ↑ Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 24.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Трифуноски, Јован (1954). Скопски Дервен. Белград: Српски етнографски зборник.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Сателитска снимка на Рогле на Карти на Гугл
![]() |
Оваа статија за за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|