Требош

Од Википедија — слободната енциклопедија
Требош
Требош во рамките на Македонија
Требош
Местоположба на Требош во Македонија
Требош на карта

Карта

Координати 42°0′44″N 21°1′55″E / 42.01222° СГШ; 21.03194° ИГД / 42.01222; 21.03194Координати: 42°0′44″N 21°1′55″E / 42.01222° СГШ; 21.03194° ИГД / 42.01222; 21.03194
Општина  Желино
Население 2.427 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 28083, 28583
Надм. вис. 412 м
Требош на општинската карта

Атарот на Требош во рамките на општината
Требош на Ризницата

Требош — село во Општина Желино, во околината на градот Тетово.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во Долни Полог. Во близина на селото Требош се наоѓаат селата Сараќино и Палатица, со кое е речиси споено. Требош е рамничарско село и е во близина на градот Тетово.

Историја[уреди | уреди извор]

На 11 ноември 2001 година, при обезбедување на патот до наводната гробница за исчезнатите Македонци во заседа загинуваат тројца припадници на Единица за брза интервенција „Лавови“. На 12 ноември 2001 година, претставникот на АНА Албан Периши официјално соопштил дека неговата терористичка организација стои зад убиството на тројца македонски специјалци припадници на Единицата Лавови.[2]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Во селото доминантна стопанска гранка е земјоделството. Поважен стопански објект од приватниот сектор е фармата за јајца „Везе Шари“ и фабриката за место „Лекер“.

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948255—    
1953311+22.0%
1961518+66.6%
19711.010+95.0%
19811.623+60.7%
ГодинаНас.±%
199120−98.8%
19942.001+9905.0%
20022.388+19.3%
20212.427+1.6%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Требош живееле 210 жители, од кои 130 Роми и 80 Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Требош имало 56 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

Според Аданасиј Селишчев во 1929 година, селото било дел од Шемшевска општина и имало 15 куќи и 114 жители, Македонци и Роми.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 100 Македонци и 50 Албанци.[6]

Денес селото има доминантно албанско население, а до средината на XX век било доминантно македонско.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 2.388 жители, од кои 7 Македонци, 2.372 Албанци, 1 Србин и 8 останати.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.427 жители, од кои 2.398 Албанци, 1 Бошњак и 28 лица без податоци.[8]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[9]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 255
1953 185 105 16 4 ... 1 311
1961 126 327 60 ... ... 4 ... 1 518
1971 95 909 2 ... 3 ... 1 1.010
1981 84 1.536 1 ... 2 1.623
1991 20 ... 20
1994 12 1.985 ... 4 2.001
2002 7 2.372 1 8 2.388
2021 2.398 1 28 2.427

Родови[уреди | уреди извор]

Според истражувањата од 1947 година, родови во селото:

Македонски

  • Димовци (3 к.) доселени од соседното сега албанско село Порој. Го знаат следното родословие: Крсте (жив на 53 г. во 1947 година) Петруш-Стеван-Димо, кој се доселил во селото. Димо имал брат кој од Порој се иселил во Тетово. Но таму од него има само женски потомци. Нивните стари кумови од Порој се иселиле во Подбреѓе. Имаат иселеници во Јанчиште и во Тетово (едно семејство, Јошевци).
  • Тасески или Антески (6 к.) доселени се од некое село во Кичевско. Се доселиле по повик на родот Димовци. Го знаат следното родословие: Тодор (жив на 25 г. во 1947 година) Гале-Мисајло-Тасе, кој се доселил. Имаат иселеници во Тетово (три семејства).
  • Павлески (3 к.) не знаат точно од каде се доселени. Можно е од некое село во Полог.
  • Смиљаноски (1 к.) доселени се од селото Прељубиште. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство).
  • Илијевски (1 к.) доселени се однекаде. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство).
  • Лазарески (1 к.) потекнуваат од основачот на родот Лазар. Тој се доселил од некое полско село во околината на Битола. Он таму убил некој човек, па морал да избега. Имаат иселеници во Тетевен, Бугарија (едно семејство).
  • Савески (2 к.) по потекло се од Витина во Горна Морава, Косово. Имаат роднини во горноморавското село Радевица. Од Витина се иселиле во 1908 година во селото Озормиште, од таму во 1910 година прешле во Жеровјане, а во 1914 година се вратиле во Озормиште, за во 1925 година да се населат во Требош. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство).
  • Маркоски (1 к.) по потекло се од селото Могила во Горна Морава, Косово. Од таму во 1907 година се населиле во селото Озормиште. А во Требош се населиле во 1926 година.
  • Цеко (1 к.) доселени се во 1945 година од селото Доброште.
  • Стојчески (2 к.), Нестороски (1 к.), Илијевци (1 к.) и Петкоски (1 к.) доселени се во 1947 година од селото Одри. Таму биле староседелци.

Албански

  • Меметоски (1 к.) доселени се во 1916 година од селото Љубиње во Средска, Косово. Они се албанизирани Горани, и со нив не сакале многу да склучуваат бракови албанците од околните полошки села. Они се зимале само со сиромашни албански девојки.
  • Бафтијароски (1 к.) доселени се во 1909 година од селото Стража кај Качаник
  • Кадријови (3 к.) доселени се во 1916 година од селото Вешала на Шар Планина.
  • Алиевски (1 к.) доселени се од некое село во Качаничка клисура.
  • Сантоски (2 к.) доселени се во 1936 година од селото Длабочица кај Качаник.
  • Шабаноски (1 к.) доселени се во 1931 година од селото Жеровјане.
  • Рушан (1 к.) доселени се во 1942 година од селото Лисец на Шар Планина.

Турци

  • Лиманоски (1 к.) доселени се во 1930 година од Тетово. Подалечното потекло им е непознато.[10]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Цркви[11]

Денес, иселеното македонско население се собира во Требош за време на Атанасовден.

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постојат избирачките места бр. 2113, 2113/1, 2114 и 2114/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 2.287 гласачи.[13]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Македонското население почнало да се иселува од селото во XX век, во средината на XX век и воглавно се доселило во околните села или Тетово. Албанското население се доселило од околните села.

Личности[уреди | уреди извор]


Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „Ответственность за убийство полицейских и захват заложников в Македонии взяла на себя „Албанская национальная армия". newsru.com. 2001-11-13.
  3. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 212.
  4. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 122-123.
  5. Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 24.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
  10. Трифуноски, Јован (1976). Полог: антропогеографска проучавања. Белград: САНУ.
  11. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Shaip Emerllahu“ (турски). HAVUZ. Посетено на 2010-02-15.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]