Подбреге

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Подбреге
Подбреге is located in Македонија
Подбреге
Местоположба на Подбреге во Македонија
Координати 42°3′46″N 21°7′18″E / 42.06278° СГШ; 21.12167° ИГД / 42.06278; 21.12167Координати: 42°3′46″N 21°7′18″E / 42.06278° СГШ; 21.12167° ИГД / 42.06278; 21.12167
Општина Општина Јегуновце
Население 179 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 384 м
Подбреге на општинската карта
Подбреге во Општина Јегуновце.svg

Атарот на Подбреге во рамките на општината

Подбреге или Подбреѓе е село во Општина Јегуновце, во околината на градот Тетово.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Инаку тетовското село Подбреѓе се наоѓа на потегот помеѓу селата Јанчиште и Јегуновце, од левата страна на реката Вардар, на надморска височина од 395 м[1].

Историja[уреди | уреди извор]

Ова село во турскиот период било градска населба во Долни Полог, и било место каде што имало касапница, бањи, ќерамидница и црква, за коишто постојат и монументални и пишани археолошки сведоштва. Најстарите податоци за постоењето на ова село датираат уште од 1321 година[1].

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 179 жители. Следува табела на националната структура на населението:[2]

Националност Вкупно
Македонци 161
Турци 0
Роми 16
Албанци 0
Власи 0
Срби 1
Бошњаци 0
Други 1

Родови[уреди | уреди извор]

Подбреге е македоско-ромско село.

Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:

  • Македонски родови во селото се:
  • Грашаровци (2 к.) стари доселеници, не знаат точно од каде се доселени. Имаат роднини во селото Јегуновце.
  • Кромидаровци (7 к.) доселени се од соседното сега раселено село Пештера на планината Жеден. Имале иселеници во Тетово, каде изумреле.
  • Рикаловци (2 к.) доселени се од селото Кучково, скопско, ја знаат следната генеологија Стојан (жив на 70 год. во 1940тите) Анто-Столе-Ристо, кој се доселил во селото. Имаат иселеници во Јегуновце и во Прељубиште.
  • Митревци (3 к.) доселени се во 1916 година од селото Врбештица кај Сириниќ.
  • Синиковци (2 к.) доселени се од селото Севце кај Сириниќ.
  • Орќевци или Вељовци (2 к.) не знаат од каде се доселени.
  • Сане (1 к.) доселени се во 1916 година од селото Раотинце, таму припаѓале на родот Младеновци.
  • Јовчевци (2 к.) доселени се во 1919 година од селото Вратница, во Вратница им се род Василевци.
  • Богдановци (1 к.) доселени се исто така од селото Вратница, подалечно потекло имаат од Старо Село.
  • Савевци (2 к.) доселени се во 1920 година од селото Беловиште, таму припаѓале на родот Марковци.
  • Јанковци (1 к.) доселени се од селото Одри, таму имаат роднини.
  • Перовци (1 к.) по потекло се од Горна Морава, од каде прво се населиле во Тетово, па од таму во Подбреге.
  • Богојевци (1 к.) доселени се од селото Одри во 1942 година, во Одри имаат роднини.
  • Ромски родови во селото се:
  • Таировци (3 к.) доселени се од Стар Качаник на почетокот на 20ти век, по дома зборуваат албански.
  • Садрија (1 к.) доселени се кога и Таировци, само не знаат од каде, зборуваат албански.
  • Синановци (1 к.) доселени се од некое село во Дреница, зборуваат албански.
  • Турци:
  • Абазовци (1 к.) доселени се од Тетово.[3]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Црквата „Св.Архангел Михаил“ во Подбреге
Цркви

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

  • Манастириште - старохристијанска базилика и средновековна црква, се наоѓа на околу 2 км западно од селото, во близина на железничката пруга[4]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]