Жилче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Жилче
Zhilche-01.jpg

Влезот во Жилче

Жилче се наоѓа во Republic of Macedonia
Жилче
Местоположба на Жилче во Македонија
Координати 42°01′53″ СГШ 21°03′42″ ИГД / 
Регион Долни Полог
Општина Општина Јегуновце
Население 740 жит.
Пошт. бр. 1200
Повик. бр. 046
Надм. вис. 416 м
Мреж. место Жилче
Commons-logo.svg Жилче на Ризницата

Жилче е село во Општина Јегуновце, кое се наоѓа 12 километри североисточно од градот Тетово.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Жилче се наоѓа во Долни Полог, во општина Јегуновце, 12 километри североисточно од градот Тетово. Се работи за рамничарско село кое се наоѓа на надморска височина од 416 метри. Селото има мал атар - 4,9 квадратни километри. Најголем дел од површината е обработливо земјиште.

Легенда[уреди | уреди извор]

Според легендата селото го добило името по дрвото даб што постоел сред село и кој секоја година бил полн со жирје, па по жирјето селото го добило името Жилче.

Историја на Жилче[уреди | уреди извор]

Според легендата селото го добило името по дрвото даб што постоел сред село и кој секоја година бил полн со жирје, па по жирјето селото го добило името Жилче.

Историja[уреди | уреди извор]

[1] Сликата е извадок од “Полог”, антропогеографска студија на Јован Трифуноски (1976 год).

Конфликт 2001 

За време на краткиот етнички конфликт во Република Македонија во 2001 година, Жилче, село со доминатно етничко македонско население, беше вовлечено во вооружените дејствија. Во јули 2001, двајца жители на Жилче, во обид да спасат три деца кои се наоѓале во заложништво во џамијата во Непроштено, биле физички малтретирани од албанските терористи.[2] На 16 август 2001, албанските екстремисти од соседните села Шемшево, Палатица, Ормиште, Требош, Слатина, со минофрлачи и автоматско оружје го нападнале полицискиот пункт стациониран во Жилче и Ратае [3], поради што веќе на 19 август 2001 во овие села се испратени сили на АРМ. [4] Со овие напади, селото било тотално отсечено од сообраќајната мрежа. По завршувањето на кризата, резервоарот за вода на ова село, кој се наоѓа во Слатина, неколкупати бил загадуван од албанските терористи.

Економија[уреди | уреди извор]

Во селото најзастапено е полјоделството. Обработливото земјиште зафаќа 460.4 хектари. Во јануари 2006 година Жилче е зафатено од поплавите кои ќе ја погодат целата Полошка Котлина - конкретната причина за поплавите во Жилче била излевање на подземни води заради неодржување на системите за наводнување, предизвикани од поројните дождови. [5]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 650 жители. Следува табела на националната структура на населението[1]

Националност Вкупно
Македонци 642
Турци 0
Роми 0
Албанци 0
Власи 0
Срби 5
Бошњаци 0
Други 3

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Цркви

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

За време на избори се гласа во основното училиште.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Во селото има просечник населба од римското време. Од десната страна на патот што воид за селото Лешок, по површината на нивите се наоѓа множество фрагменти од керамички садови, питоси и градежен матријал.

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Во Жилче постојат: основно училиште до VIII одделение, дом на култура, продавници и угостителски објекти. По етничкиот проблем со училиштето во Шемшово кое било своеволно преименувано во име на албански балист од Втората светска војна, било одлучено лицата од македонска националност, кои не се сложувале со ова преименување да учат во Жилче. Сепак тоа го прифатиле само родителите од селата Жилче и Ратае, бидејќи родителите од другите села сметале дека селото е премногу оддалечено. Селото поседува мало школско бетонско игралиште, и големо тревно игралиште.

Селото припаѓа на Теаречката парохија на Тетовското архиерејско наместништво на МПЦ.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  2. „Години наназад православните верници од Жилче но и околните населени места секој 22-ри мај се собираат во црквата посветена на Свети Никола Мирлекиски“ (на македонски). КИСС ТВ. 25 мај 2007. http://www.kiss.com.mk/mak/novosti1.asp?id=633. конс. 28 април 2010 г. 
  3. „Velkoski Stefan“ (на германски). Eisbären - SVG Burgkirchen. http://www.svgb.de/~eisbaeren/bild_velkoski.htm. конс. 20 јануари 2013 г. 
  4. „Dejan Velkoski“ (на германски). Dir Kelten. http://www.svgb.de/~eishockey/spieler/s_velkoski.htm. конс. 20 јануари 2013 г. 
  • Панов, Митко: Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Патрија, Скопје, 1998, 125 стр.


Надворешни врски[уреди | уреди извор]