Стримница
Стримница | |
![]() Глетка на Стримница од север | |
Координати 41°58′3″N 21°2′4″E / 41.96750° N; 21.03444° EКоординати: 41°58′3″N 21°2′4″E / 41.96750° N; 21.03444° E | |
Општина | ![]() |
Население | 2.422 жит. (поп. 2002) |
Шифра на КО | 28079, 28579 |
Надм. вис. | 621 м. м |
![]() |
Стримница — село во Општина Желино, во околината на градот Тетово. Спроед пописот од 2002 година, селото имало население од 2.422 жители.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото е во областа Долни Полог. Селото лежи на бреговите на реката Вардар, во подножјето на планината Сува Гора. Во близина Стримница е селото Фалише.
Историја[уреди | уреди извор]
Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало население од 245 муслимани (Албанци).[1] Рускиот публицист Афанасиј Селишчев во 1929 година забележал дека селото било дел од Општина Желино и имало 65 куќи со 404 жители Албанци.[2]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 2.422 жители. Следува табела на националната структура на населението[3]
Националност | Вкупно |
Македонци | 2 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Албанци | 2 404 |
Власи | 0 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 0 |
останати | 16 |
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постои изборните места бр. 2109, 2109/1, 2110 и 2110/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[4]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 2.567 гласачи.[5]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 212.
- ↑ Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 24.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Сателитска снимка на Стримница на Карти на Google
![]() |
Оваа статија за за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|