Ратае
Ратае — село во Општина Јегуновце, во околината на градот Тетово.
Географија[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во областа Долни Полог, оддалечено 11 километри североисточно од Тетово.
Историја[уреди | уреди извор]
Во пишани документи наоѓаме дека е стара-прастара населба, која потекнува од XIII век.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Голем дел од месното население на село Ратае потекнува од пограничното село Горанце, денес во Косово, како и од гостиварското село Дуф.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ратае живееле 129 жители, од кои 105 Македонци и 24 Албанци.[1]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ратае имало 80 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[2]
Според Афанасиј Селишчев во 1929 година, во селото имало 16 куќи и 232 жители, Македонци и Албанци.[3]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 411 жители. Следува табела на националната структура на населението[4]
Националност | Вкупно |
Македонци | 410 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Албанци | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 1 |
Бошњаци | 0 |
останати | 0 |
На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[5]
Година | 1900 | 1905 | 1929 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 129[1] | 80[2] | 232[3] | 313 | 376 | 398 | 395 | 420 | 429 | 403 | 411 |
Родови[уреди | уреди извор]
Ратае е македонско село.
Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:
- Староседелци: Будимоски (3 к.), најстар род во селото
- Со непознато потекло: Димкоски (2 к.) имаат иселеници во Ниш (едно семејство) и во Белград (едно семејство); Наумоски (2 к.); Стаменкоски (3 к.); Атлески (3 к.) имале иселеници во Тетово кои изумреле; Димитрески (3 к.); Тасевци (1 к.), .
- Доселеници: Тошески (4 к.) доселени се од селото Челопеци. Го знаат следното родословие: Цветан (жив на 38 г. во 1947 година) Анто-Стојан, предокот кој се доселил; Китаноски (1 к.) доселени се во 1916 година од селото Рогачево; Мисајлоски (1 к.) доселени се во 1917 година од селото Старо Село; Маркоќевци (1 к.) доселени се кога и претходниот род од селото Драјчиќи во Косово; Мисајлоски 2 (1 к.) доселени се од селото Јелошник; Петкоски (1 к.) доселени се во 1918 година од селото Горно Село во Косово; Синадиноски (1 к.) доселени се во 1918 година од селото Доброште, таму биле староседелци; Вучески (6 к.) доселени се во 1919 година од селото Горанце кај Качаник (Косово); Видоески (1 к.) доселени се во 1921 година од селото Рогачево, таму им биле роднини Грујовци; Јовчески (1 к.) доселени се кога и претходниот род од селото Вратница, таму им биле роднини Костанаќевци; Цветкоски (1 к.) доселени се во 1947 година од селото Галате, Гостиварско. Таму им биле роднини Мировци; Станисавци (1 к.) доселени се од селото Вратница, таму имаат истоимени роднини.[6]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
- Цркви
- Црква „Св. Сава“ - Ратае - изградена во 1925 година
- Црква „Св. Атанасиј“ - Ратае[7]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 2116 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[8]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 348 гласачи.[9]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1902, стр. 211.
- ↑ 2,0 2,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp.122-123.
- ↑ 3,0 3,1 Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.24.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ.
- ↑ „Поставен камен темелник за црковен базен во дворот на црквата Свети Атанасиј во Ратае“. КИСС ТВ. 12 август 2007. Посетено на 2010-04-29.[мртва врска]
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|