Лешок

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Лешок
Lešočki na esen (5).JPG

Лешочкиот манастир

Лешок се наоѓа во Republic of Macedonia
Лешок
Местоположба на Лешок во Македонија
Координати 42°03′50″ СГШ 21°01′58″ ИГД / 
Регион Долни Полог
Општина Општина Теарце
Население 440 жит.
Надм. вис. 560 м
Мреж. место Лешок
Commons-logo.svg Лешок на Ризницата

Лешок е село во Тетовско.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Лешок се наоѓа на 560 метри надморска височина во Долни Полог (Тетовскиот дел на котлината Полог). Од Тетово, Лешок е оддалечен околу 10 км.

Историja[уреди | уреди извор]

Документ со печат од Лешочката селска општинска управа, од 5 јуни 1918 година.

Лешок се споменува на почетокот на средниот век како градска населба под името Леген Град. За него сведочат археолошките остатоци, од кои најпознато е Лешочкото Кале.

1900 година според бугаринот Васил К'нчов селото броело 540 Македонци православни[1]. Според податоци на секретарот на Бугарската Егзархија Димитар Мишев, во 1905 година селото броело 488 жители егзархисти[2]. 1912 година ѝ припаѓа на Србија. Афанасиј Селишчев („Полог и его болгарское население“) во 1929 година Лешок го опишува со 97 куќи и 580 жители православни Македонци[3].

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Жени од Лешок во народна носија, 1890 година.

Селото брои 440 жители и е исклучиво населено со Македонци од Православна вероисповед. Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 440 жители. Следува табела на националната структура на населението[4]

Националност Вкупно
Македонци 435
Турци 0
Роми 0
Албанци 0
Власи 0
Срби 1
Бошњаци 0
Други 4

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Во селото се наоѓа и лекувалиштето од ТБЦ.

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Лешочки манастир.
Црквата „Св. Николај“ во Лешок

Во разни документи се споменува дека во Лешок со околината имало дури 44 цркви. Денес во Лешок има три активни цркви и една капела-параклис (Св. Атанасиј од 14 век, Св. Атанасиј од 20 век, Св. Богородица од 19 век и капелата-параклис Св. Кирил и Методиј од 20 век сместена во конакот, како и остатоци од пет цркви и параклиси од средниот век (Св. Никола, Св. Врач, Св. Петка, Св. Марена и Св. Илија).

Археолошки локалитети
  • Кале - населба од доцна антика и среден век;[5]
  • Два Бреста - населба од римско време;
  • Леска - населба и базилика од доцна антика и старихристијаско време;
  • Пепело - населба од римско време;
  • Црквиште - црква од среден век;
  • Црници - некропола од римско време;
  • Депо - депо од среден век;
  • Млака - некропола од среден век;

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Лешочки фолк фест во 2007 година

Личности[уреди | уреди извор]

  • Никанор (р. ~ 1600) — скопски и полошки митрополит
  • Мирко Спироски (р. 3 февруари 1948) — македонски физиолог и редовен професор по имунологија и хумана генетика на Медицинскиот факултет во Скопје.
  • Ѓоко Лазаревски (1971 - 2001) — македонски херој од Лешок, убиен од терористите на ОНА.

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Во селото постојат клубовите ФК Оникс и ОК Лешок, кој настапува во Првата македонска одбојкарска лига.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900.
  2. D.M.Brancoff. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, стр.122-123.
  3. Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.23
  4. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  5. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски[уреди | уреди извор]