Мирко Спироски
Мирко Живков Спироски (Лешок, тетовско, 3 февруари 1948) — македонски физиолог и генетичар, редовен професор по имунологија и хумана генетика на Медицинскиот факултет во Скопје.
Животопис
[уреди | уреди извор]Спироски е роден во тетовското село Лешок на 3 февруари 1948 година. Медицина завршил во Скопје. Магистрирал и докторирал на Институтот за физиологија при Медицинскиот факултет во Скопје. Во мај 1995 година е избран за вонреден професор по предметот физиологија. Во октомври 1997 година е избран за вонреден професор по предметот имунологија, во март 2002 година е избран за редовен професор по имунологија, а од 2006 година е професор по хумана генетика на Институтот за имунобиологија и хумана генетика (ИИБХГ) при УКИМ. Еден е од основачите и прв претседател на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на Македонија, еден од основачите и претседавач на Управниот одбор во МЦМС. Основач е и директор на Институтот за имунологија во 2000 година[1]. Објавил над 100 труда, 3 монографии и 4 практикуми.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „МЛД - Здруженија“. Македонско лекарско друштво. Посетено на 2 ноември 2009.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Профил со опширна биографија на порталот на ИИБХГ Архивирано на 1 август 2012 г.
- Учебник „Вовед во генетика“ Архивирано на 6 март 2016 г. - проф. д-р Мирко Спироски (PDF, 115 стр.)