Црква „Св. Никола“ - Лешок

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свети Никола
Crkva Sv. Nikola Lešočki (3).JPG

Поглед кон црквата

Македонска православна црква
Епархија Полошка
Архијерејско намесништво Тетовско
Парохија Теаречка
Местоположба
Координати 42°3′51.85″N 21°1′58.88″E / 42.0644028° СГШ; 21.0330222° ИГД / 42.0644028; 21.0330222Координати: 42°3′51.85″N 21°1′58.88″E / 42.0644028° СГШ; 21.0330222° ИГД / 42.0644028; 21.0330222
Населено место Лешок
Општина Теарце
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Изградба 14 ноември 2010[1]
Архитектонски опис
Портал „МПЦ“

Свети Николај претставува црква во тетовското село Лешок. Оваа црква е единствената црква во селото која се наоѓа надвор од манастирскиот комплекс, Лешочки Манастир. Темелите на црквата биле пронајдени при средувањето на месноста каде жителите знаеле за постоење на многу гробови од свештеници и други лица, меѓутоа самата црква долго време била непозната. Се претпоставува дека таа била изградена во османлискиот период. Според историските податоци до кои дошле хроничарите, првпат старата црква „Свети Николај“ во писмена форма се споменува 1896 година во книгата на Ѓорче ПетровМатеријали за изучување на македонската историја“. Поради одредени археолошки показатели се смета дека црквата е изградена одамна.[2]

На истото место жителите на Лешок традиционално секоја година на 19 декември со голема веселба го одбележуваат православниот празник Свети Никола зимски.[3] Црквата е возобновена на 14 ноември 2010 година, каде воедно било и осветено положувањето на камен темелникот.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Димовски, Зоран (12.11.2010). „На возобнобената црква свети Николај во село Лешок во недела, 14 ноември 2010 година, ќе и се изврши чин на осветување на камен темелник со почеток во 12 часот“ (македонски). Кисс Тв. конс. 2010-11-15. 
  2. Се гради црква врз стари темели во Лешок“, Нова Македонија (посет. 15 ноември 2010 г). (на македонски)
  3. „Ќе се возобнови црквата Свети Николај во Лешок“ (македонски). Канал 5. 14.11.2010, 16:40. конс. 2010-11-15.