Два Бреста (Лешок)
Два Бреста — археолошко наоѓалиште во тетовското село Лешок. Претставува населба од римското време. Се наоѓа на 2 км јужно од селото, под патот Тетово-Вратница, од неговата лева страна. Во 1953 година, за времето на садење на овоштарник биле откриени остатоци од темели на повеќе објекти и водоводна мрежа. Истата година и во 1979 година се извршени археолошки истражувања од страна на Музејот на Македонија и Музејот на тетовскиот крај при што е откриена и истражена вила рустика. Денес на површината сè уште се среќаваат фрагменти од керамички садови, луцерни, стаклени садови. Најдени се предмети од накит и монети од II-III век[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Кале — населба од доцноантичко време и среден век;
- Леска — населба и базилика од доцна антика и старихристијаско време;
- Пепело — населба од римско време;
- Црквиште — црква од средниот век;
- Црници — некропола од римско време;
- Депо — депо од средниот век;
- Млака — некропола од средниот век;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|
Категории:
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од римско време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на населба
- Лешок
- Археолошки наоѓалишта во Општина Теарце
- Никулци за археологијата на Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Тетовско
- Културно наследство на Македонија во Општина Теарце