Пршовце

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пршовце
Пршовце is located in Македонија
Пршовце
Местоположба на Пршовце во Македонија
Координати 42°5′0″N 21°3′41″E / 42.08333° СГШ; 21.06139° ИГД / 42.08333; 21.06139Координати: 42°5′0″N 21°3′41″E / 42.08333° СГШ; 21.06139° ИГД / 42.08333; 21.06139
Општина Општина Теарце
Население 2.516 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1224
Надм. вис. 493 м
Мреж. место Пршовце
Commons-logo.svg Пршовце на Ризницата


Пршовце (албански: Përshefcë) е село во Општина Теарце, во околината на градот Тетово.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Пршовце се наоѓа во северозападниот дел на Република Македонија, под падините на Шар Планина. Административно припаѓа на Општина Теарце.

Историja[уреди | уреди извор]

Пршовце со ова име се спомнува уште во 1415 година. Во оваа година селото имало 44 куќи, 2 вдовици, 10 самци, лозја и градини со годишен приход од 8.150 акчиња. Од староседелските семејства познати се:Лауч, Хамзалар, Бекташ, Бегалар, Халабак,Rekali, Тољалар, Тота, Раде, Ѕинго, Прџе и Пираеус.

Во крајот на 19 век Пршовце е заведено како албанско село во Тетовската каза на Османлиската империја.

На 11 ноември 2001 македонската полиција во контрола на три возила во реонот на селото Требош пронашла поголем број пиштоли, автоматски пушки и еден митралез, по што уапсила седум лица кои се наоѓале во возилата. Еден од уапсените бил Нухи Мустафи или т.н. командант Солана, роден 1966 година од Пршовце, одговорен за етничко чистење.[1]

За време на Конфликтот од 2001 во Пршовце забележани се неколку дејствија како палење на куќи[2] на неалбанци и сл.

На 7 мај 2005 година во Пршовце е одржано првото собрание на т.н. Албанското национално движење Илирида (АНДИ) - движење за Република Илирида формирано една година претходно во тетовското село Слатино. На него присустувале 78 делегати од сите градови и претставници од неколкуте села „што не се во границите на Р. Илирида“.

Економија[уреди | уреди извор]

Земјоделството е главна гранка која не е доволно организирана, но сепак жителите на селото поединечно се организираат во работата и со тоа најдобро постигнуваат високи приноси, посебно во сточарството. Земјоделците од оваа општина се главните снабдувачи на овошје, зеленчук, млеко и Млечни производи и месо, на и околу градовите Тетово, Гостивар и Скопје.

Демографија[уреди | уреди извор]

Грбот на селото
Знамето на селото

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Пршовци живееле 165 жители, сите Албанци.[3]

Според Афанасиј Селишчев, во 1929 година Пршовце било село во Теаречката општина и има 110 куќи со 679 жители.[4]

Според пописот од 2002 година Пршовце има 2.516 жители населени во 430 живеалишта, од кои 2.478 Албанци, 6 Роми, 1 Македонец, 1 Србин и 29 останати.[5]

На табелата е прикажан преглед на населението низ сите пописни години:[6]

Година 1900 1929 1948 1953 1961 1971 1981 1994 2002
Население 165[3] 679[4] 978 1.059 1.248 1.638 1.999 2.117 2.516

Родови[уреди | уреди извор]

Пршовце е албанско село.

Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:

  • Доселеници: Оџалар (16 к.), Тољолар (10 к.), Амзалар (24 к.), Кара Беќир (13 к.), Прчалар (13 к.), Матли (15 к.), Бектеш (7 к.), Кучук Амет (14 к.), Беколари (12 к.), Раделар (4 к.), Рамонет (5 к.), Амет (1 к.) и Налбат (1 к.) сите се доселени од северна Албанија. Родот Матли е доселен од областа Матија. Амзалар и Прчалар припаѓаат на фисот Красниќи. Некои се доселени од околината на Пешкопеја; Џемајловци (6 к.) они се Роми. Доселени се од Тетово.[7]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

  • Јуни -Фолклорен фестивал „Шари К’ндон“ (Sharri Këndon, во превод „Шара пее“). Има премиерно издание во 1994 година за поради конфликтот во Тетово да паузира 3 години и во 2004 повторно се возобновува и слави 10 годишен јубилеј.

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Значаен настан во селото е културната манифестација на народна музика. Во јули 1994 година бил организиран концерт каде бил забележан висок интерес на населението. Следствено на тоа извесен Реџеп Салиу е назначен да направи релевантна документација за регистрација на културно здружение каде би се негувала традиционалната албанска песна и каде друштвото би одржувало свои концерти. Така е создадено Културно-уметничко Друштво „Јехона“ (во превод Одзив).

Во март 1994 е создаден и младински форум со цел во селото да започне да се организираат повеќе спортски и кулчтурни настани. Првото дејствување на младинскиот форум е организирање на спортски турнир во селото каде покрај домашната екипа ФК Јехона, настапиле уште 50 други тимови.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Како и во секое село во Македонија населено со Албанци, така и во Пршовце голем број од жителите живеат во различни земји како што се: Данска, претежно во Копенхаген, Германија, најголемиот во градот во Хамбург, но исто така има голем број во Диселдорф и околината на Келн, исто така и во Берлин има пршовчани чиј број е доста висок. Потоа следат Швајцарија, претежно во Валис и Санкт Гален, Австрија, најчесто во Виена, Норвешка особено Осло каде во последниве години доста жители се заминати таму. Исто така има и некои семејства во Велика Британија, Австралија, Франција, Италија, Хрватска и Словенија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Денеска се ослободени 39-те лица, кои вчера беа киднапирани во тетовско од страна на албанските терористи, со напори и ангажирање на министерството за одбрана во координација со мисијата на НАТО „Килибарна лисица“, Европската Унија и ОБСЕ.
  2. Меѓународната заедница го осуди палењето куќи во тетовските села
  3. 3,0 3,1 Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр.210.
  4. 4,0 4,1 Афанасий Селищев. „Полог и его население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.23.
  5. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  6. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  7. Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ. 
  8. АГИМ ЏЕЉИЉИ

Надворешни врски[уреди | уреди извор]