Прејди на содржината

Гафур Џабир Ахмети

Од Википедија — слободната енциклопедија

Гафур Џабир Ахмети (албански: Gafur Xhabir Ahmeti) (Пршовце, Тетовско, 29 октомври 1945 македонски писател, публицист и преведувач од албанска народност.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Ахмети е роден на 29 октомври 1945 година во тетовското село Пршовце. Основно образование завршил во родното место, учителска школа во Тетово, а потоа дипломирал на Групата за албански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Работел како новинар во весникот „Flaka e vëllazërimit“ (Флака е велазримит; во превод: Пламенот на страста), а потоа како дописник на „Rilindja“ (Рилиндја; во превод: Препород) во Приштина. Вработен бил во Министерството за надворешни работи на Македонија. Пишувал проза, романи и драми. Преведувал од албански на македонски и обратно.

Библиографија

[уреди | уреди извор]
  • Стеблата на едно дрво, 1982;
  • Освен зборовите на песната, раскази 1989;
  • Повторно се врати, 1977;
  • Pasardhësit e Katit; превод: М. Фотев, Потомците на Кат;
  • Цвеќиња во ќерпич, роман, 1984;
  • Две драми, 1979.
  1. Македонска енциклопедија. I (I. изд.). МАНУ. ISBN 978-608-203-024-1.