Брезно

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Брезно
Брезно is located in Македонија
Брезно
Местоположба на Брезно во Македонија
Координати 42°5′8″N 21°2′20″E / 42.08556° СГШ; 21.03889° ИГД / 42.08556; 21.03889Координати: 42°5′8″N 21°2′20″E / 42.08556° СГШ; 21.03889° ИГД / 42.08556; 21.03889
Општина Општина Теарце
Население 8 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 538 м
Брезно на општинската карта
Брезно во Општина Теарце.svg

Атарот на Брезно во рамките на општината
Commons-logo.svg Брезно на Ризницата

Брезно е село во Општина Теарце, во областа Долни Полог, во околината на градот Тетово.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Долни Полог, сместено во источните падини на Шар Планина, оддалечено 17 километри северно од Тетово.

Историja[уреди | уреди извор]

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) и имало 9 семејства и 1 неженет, сите христијани.[1]

Во XIX век селото е дел од Тетовската каза во Отоманската Империја.

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Брезно живееле 490 жители, сите Македонци.[2]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Брезно имало 480 Македонци, патријаршисти.[3]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има само 8 жители, сите Македонци.[4] На табелата е прикажан бројот на население во сите пописни години:[5]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 490[2] 640[3] 547 478 295 67 13 0 2 8

Родови[уреди | уреди извор]

Брезно е македонско православно село, родовите во селото во поголем број се доселенички.

Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:

  • Чутуровци (3 куќи) староседелци, нивните предци живееле во старото Брезно. Имаат изумрени родови
  • Јорговци (14 куќи) стари доселеници. Се делат на Смилковци и Сиљановци. Доселени се од селото Лазарополе, таму нивниот предок Јорго имал задруга од 70 членови, и бил многу богат. Ја знаат следната генеологија Гиго (жив на 64 год. во 1946 година) Томе-Цветан- Ќаја. Имаат иселеници во Тетово (седум семејства), Скопје (три семејства), Софија (шест семејства) и во Романија (четири семејства).
  • Милевци (15 куќи) доселени се од селото Милетино. Имаат иселеници во Тетово (три семејства), Бесарабија (две семејства), Романија (две семејства) и во Бугарија (две семејства).
  • Матовци (11 куќи) доселени се од областа Мат во Албанија, ја знаат следната генеологија Мано (жив на 60 год. во 1946 година) Василко-Тофил-Митрашко. Имаат иселеници во Тетово (шест семејства), Лешок, Белград (две семејства), Скопје (две семејства) и во Романија (три семејства).
  • Биоловци (8 куќи) стари доселеници, незнаат точно од каде се доселени. Ја знаат следната генеологија Ѓуро (жив на 50 год. во 1946 година) Крсто-Младен-Милош;
  • Петерќевци (9 куќи) доселени се од некое околно полошко село, дошол рано Петре. Имаат иселеници во Тетово (три семејства), Белград (едно семејство) и во Софија (едно семејство).
  • Станковци (8 куќи) доселени се од некое место Станкоо поле во Албанија. Имаат иселеници во Лешок, Белград (едно семејство) и во Русе (едно семејство).
  • Џамбазој или Кујовци (8 куќи) доселени се од селото Непроштено. Имаат иселеници во Тетово (две семејства) и во Русе (две семејства).
  • Тапшаној (3 куќи) стари доселеници. Точно не знаат од каде се доселени. Имаат иселеници во Белград (едно семејство), Скопје (едно семејство) и во Варвара.[6]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Цркви

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]



Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје, 1971, стр.361
  2. 2,0 2,1 Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр.210.
  3. 3,0 3,1 D.M.Brancoff. „La Macedoine et sa Population Chretienne“. Paris, 1905, стр.122-123.
  4. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  5. „Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)“. Државен завод за статистика. 
  6. Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ. стр. 319-320. 
  7. 7,0 7,1 Ефтоски, Гојко. „Последните мохиканци во Брезно“, Утрински Весник, 18 мај 2009 (посет. 29 април 2010 г). (на македонски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]