Глоѓи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Глоѓи е село во Општина Теарце, во областа Долни Полог, во околината на градот Тетово.

Глоѓи
Глоѓи is located in Македонија
Глоѓи
Местоположба на Глоѓи во Македонија
Координати 42°5′25″N 21°3′50″E / 42.09028° СГШ; 21.06389° ИГД / 42.09028; 21.06389Координати: 42°5′25″N 21°3′50″E / 42.09028° СГШ; 21.06389° ИГД / 42.09028; 21.06389
Општина Општина Теарце
Население 1295 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 486 м
Глоѓи на општинската карта
Глоѓи во Општина Теарце.svg

Атарот на Глоѓи во рамките на општината


Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Историja[уреди | уреди извор]

Во османлиските даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Калканделен од 1616-1627 година се споменува како село Глоге со 18 домаќинства.[1]

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Глоѓи живееле 210 жители, сите Македонци.[2]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Глоѓи имало 560 Македонци, егзархисти.[3]Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.295 жители. Следува табела на националната структура на населението:[4]

Националност Вкупно
Македонци 310
Албанци 983
Турци 1
Роми 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
Други 0

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[5]

Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 784
1953 524 362 4 ... 890
1961 540 483 ... ... 5 ... 5 1.033
1971 541 651 ... 9 ... 2 1.203
1981 533 789 2 ... 2 1.326
1994 382 869 1 3 ... 1 1.256
2002 310 983 1 1.295

Родови[уреди | уреди извор]

Глоѓи е македонско-албанско село.

Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:

  • Македонски родови:
  • Петревци (11 к.) најстари доселеници, доселени се од сега албанско-муслиманското село Радуша.
  • Поповци (15 к.) доселени се од селото Дуф, гостиварско. Имаат иселеници во Романија (едно семејство), Америка (едно семејство) и во Софија (едно семејство).
  • Чарапиновци или Матовци (4 к.) доселени се од селото Јелошник.
  • Љумљанци (16 к.) се делат на Галовци и Анчевци. Исто така доселени се од селото Јелошник, подалечно потекло имаат од областа Љума во северна Албанија.
  • Мисајловци (2 к.) доселени се од селото Старо Село, ја знаат следната генеологија Младен (жив на 30 год. во 1940тите) Атанас-Мисајло-Будим, предокот кој се доселил.
  • Секуловци (4 к.) доселени се од селото Јелошник, таму имаат роднини, подалечно потекло од селото Боговиње.
  • Малоќевци (6 к.) и они се доселени од селото Јелошник, таму биле староседелци, и имаат роднини во селото.
  • Поповци (5 к.) исто така доселени се од Јелошник, каде имаат роднини, во Јелошник биле староседелци.
  • Албански родови:
  • Елезовци (41 к.) се делат на Садиковци, Идризовци и Оџини, доселени се на крајот од 19ти век од селото Иваје кај Качаник. Подалечно потекло имаат од фисот Красниќ во северна Албанија.
  • Шериф (1 к.) доселени се преку Шемшево, подалечно потекло од северна Албанија. Имаат иселеници преку Тетово во Турција (едно семејство).[6]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Централното основно училиште „Асдрени“ е лоцирано во село Глоѓи и обезбедува настава од 1 до 8 одделение на албански јазик. Училиштето ги опфаќа децата од селата Пршовце и Глоѓи. Во училиштето функционира една комбинирана паралелка за децата од 1,2,3 и 4 одделение кои следат настава на македонски јазик. Овие ученици од 5 до 8 одделение посетуваат настава во основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во Теарце.

Вкупниот број на некомбинирани паралелки од 1-8 одделение е 18. Училиштето работи во две смени. Реонот на централното основно училиште „Асдрени“ ги покрива селата Пршовце и Глоѓи.

Училиштето е изградено во 1933 година, а во 1981 е доградено. Објектот е составен од подрум и два спрата и во целост (и стариот дел и новиот дел) се во добра состојба. Во објектот е застапена комплетна инфрастуктура има водовод, канализација и електрична инсталација кои ги задоволува потребните норми и стандарди, но тоалетите се во лоша состојба. Во 1996 година објектот е реконструиран. Греењето на објектот е со ќумбиња на дрва. Вратите и прозорците се во лоша состојба.

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви


Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности

  • Езекил (1836 – 1898) - македонски игумен и голем борец против странските пропаганди во Македонија
  • Љупчо Силјановски (р. 29 јули 1949) - македонски поет, раскажувач, драмски писател. Член на Друштвото на Писателите на Македонија.

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 335
  2. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр.211.
  3. D.M.Brancoff. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, стр.122-123.
  4. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  6. Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ. 
  7. ИСЧЕЗНУВА ЦРКОВНОТО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО ВО ТЕТОВСКО Заборавени фрескоживописи“, Вест, 28 јануари 2006 (посет. 27 април 2010 г). (на македонски)
  8. „Во црквата на св. Атанасиј во с. Глоѓи, тетовско“ (македонски). МПЦ - ОА. конс. 2010-04-27. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]