Варвара (Тетовско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Варвара
Варвара is located in Македонија
Варвара
Местоположба на Варвара во Македонија
Координати 42°3′45″N 21°1′1″E / 42.06250° СГШ; 21.01694° ИГД / 42.06250; 21.01694Координати: 42°3′45″N 21°1′1″E / 42.06250° СГШ; 21.01694° ИГД / 42.06250; 21.01694
Општина Општина Теарце
Население 0 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 834 м
Commons-logo.svg Варвара на Ризницата


Варвара е село во Општина Теарце.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Варвара се наоѓа шарпланинската падина, североисточно од Тетово, над селото Лешок.

Историja[уреди | уреди извор]

Според турските документи од 1467-1468 година селото имало 19 христијански семејства од кои едно било на калуѓерот Стефан и Миладин син на поп кој бил починат.

Во друг турски документи од 1626-1627 година селото се наоѓало во вилаетот Калканделен (Тетово) и било населено од 22 фамилии (ханета).

Во 1947 година селото имало 9 фамилии и 40 куќи.

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2002 година во селото нема жители.

Родови[уреди | уреди извор]

Варвара било македонско село.

Родови во селото биле: Чулевци (9 к.), Дрндаровци (2 к.), Цветковци (8 к.), Печирибовци (4 к.), Бошковци (2 к.), Прнџовци (3 к.), Пандезини (1 к.) и Глаиновци (3 к.) староседелски родови; Коачовци (8 к.) доселени се како христијани од Љума во северна Албанија, овде се доселени на почетокот од 19ти век. Жителите на овој род знаат за својот предок Милош Коач, кој заедно со својот брат се Трпко, и браќата биле ковачи и отука дошло името на родот.[1]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Црквата „Св. Петка“ во Варвара
  • Црква „Св. Петка“ - Варвара[2]. Денес богослужба се служи во црквата Св. Петка. Непосредно под селото Варвара имало стара разурната црквичка Св. Петка. Околу 1900-та година, варварчаните Миајле, Гаљо и Бошко, во средината на селото изградиле провизорна црква со плетени прачки облепена со кал. Подоцна, на истото место селаните изградиле мала црква и ја посветиле на истиот светител. Во 1977 година црквата е обновена и фрескоживописана од Крсто Гоговски од село Непроштено, а во 1978 година е осветена од Полошко-кумановскиот митрополит Господин Кирил.
  • На патот за село Варвара се наоѓа Марков Камен – осамена карпа во јајцевидна форма, висока над два метра, за која постојат неколку легенди.

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

  • Еротеј (световното име: Лаврентие Давидов) (? – 1910) - игумен на лешочкиот манастир.
  • Силвестер (световното име Серафим) (1812 – 1882) - македонски игумен.
  • Симче Петроски - Кубур - роден во с. Варвара, член на меснијот комитет на Македонската револуционерна организација, комита во Брезјанската чета, уапсен при сардусувањето на Лешочкијот манастир во 1905г, бил кмет во с. Варвара.
  • Трпо Коач од с. Варвара, член е на меснијот комитет, прогонуван е од турските власти и уапсен при сардусувањето на Лешочкијот манастир во 1905г. Ослободен е од затвор поради недостаток на докази и интервенцијата на европските конзули во Скопје.
  • Милош Коач од с. Варвара брат на Трпо Коач, истите биле ковачи во селото а подоцна направиле и воденица изнад селото Лешок позади Лешочкото кале. Милош Коач бил угледен човек и имсе спротивставувал на албанските групи кои го напаѓале селото. Еднаш кога се врачал од Скопје носејчи роба го убиле Албанци во заседа кај селото Вратица.
  • Трпе- роден во с. Варвара, комита во Брезјанската чета

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Селото никогаш не било големо бидејќи постоја од него се одселувале во соседното Лешок, во Тетово, Белград (р. Србија), Рушчук (ден., Русе во Бугарија).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ф., Трифуноски, Јован (1976). Полог : антропогеографска проучавања. Srpska akademija nauka i umetnosti. OCLC 5846115. http://worldcat.org/oclc/5846115. 
  2. „Црквите и манастирите во Тетовското Архиерејско Наместништво“ (македонски). Архиерејско намесништво Тетово. конс. 2010-04-29. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]