Нераште

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Нераште е село во Општина Теарце, во околината на градот Тетово.


Нераште
Нераште is located in Македонија
Нераште
Местоположба на Нераште во Македонија
Координати 42°6′24″N 21°6′32″E / 42.10667° СГШ; 21.10889° ИГД / 42.10667; 21.10889Координати: 42°6′24″N 21°6′32″E / 42.10667° СГШ; 21.10889° ИГД / 42.10667; 21.10889
Општина Општина Теарце
Население 3 485 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1203
Надм. вис. 532 м
Нераште на општинската карта
Нераште во Општина Теарце.svg

Атарот на Нераште во рамките на општината


Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Долни Полог, оддалечено 17 километри северно од Тетово.

Историja[уреди | уреди извор]

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) и имало 29 семејства, 1 неженет и 2 вдовици, сите христијани.[1]

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Нераште живееле 465 жители Албанци.[2]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 3.485 жители. Следува табела на националната структура на населението[3]

Националност Вкупно
Македонци 0
Албанци 3.478
Турци 0
Роми 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
Други 7

На табелата е прикажан бројот на население во сите пописни години:[4]

Година 1900 1948 1953 1961 1971 1981 1994 2002
Население 465[2] 1.301 1.457 1.663 2.280 2.901 3.235 3.485

Родови:[уреди | уреди извор]

Како еден од најстарите албански родови во селото се споменува родот Реч (46 куќи), кој потекнува од тројца браќа: Демир, Арслан и Арло. Од нив потекнуваат денешните семејства. Потеклото им е селото Реч, коешто се наоѓа на левата страна од реката Црн Дрим во северна Албанија, а во Македонија живеат од првата половина на 19- иот век.[5]

Нераште е албанско село.

Според истражувањата од 1948 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Љаље (6 к.) они се помуслиманети, па поалбанчени Македонци. Мешајќи се со Албанците целосно се имаат албанизирано.
  • Доселеници: Дибран (14 к.) и Оџалари (15 к.) доселени се од околината на Пешкопеја во северна Албанија. Во првиот род се знае следната генеологија Ејуп (жив на 60 год. во 1948 година) Баки-Шаќир-Баки-Фета-Дурмиш, кој се доселил во селото; Реч (46 к.) во Нераште дошле тројца браќа (Демир, Арслан и Арла) од селото Реч кое лежи на левата страна на реката Дрим во северна Албанија. Ја знаат следната генеологија Исен (жив на 70 год. во 1948 година) Ајрула-Мемиш-Арла, еден од браќата кои се доселиле; Маџар (31 к.), Мифтаре (22 к.), Јазаџи (13 к.), Шукере (9 к.), Бектеш (7 к.), Вајље (4 к.), Шабане (4 к.) и Шуљк (9 к.) сите се доселени од северна Албанија. Некои се од фисот Красниќи; Цека (5 к.) и Татар (3 к.) доселени се од селото Длабочица кај Качаник; Љоке (6 к.) они се од фисот Красниќи. Постои род со истото име во селото Котлина кај Качаник кои имаат (40 к.). Најверојатно они се дојдени од таму; Гушиц (1 к.) доселени се од селото Гушица кај Качаник; Стрег (1 к.) порано живееле во селото Подбреѓе, нивното потекло е турско.[6]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Православните Македонци од ова село целосно се иселиле во 19ти век. Од нив се знае за родот Пејовци (4 к.) кои се иселени во блиското село Варвара.[6]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  1. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.325
  2. 2,0 2,1 Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр.211.
  3. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  5. Албанците во Македонија само од 1780 година, д-р- Ристо Ивановски, Битола, 2014 год., стр.11
  6. 6,0 6,1 Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ.