Општина Вратница
- Оваа статија се однесува на Општина Вратница. За истоименото село, видете Вратница.
| Општина Вратница (1913-1941, 1945-1955, 1996-2005) | |||||
| Општина на Кралство Србија / Царство Бугарија / Кралство СХС/Југославија / ДФ/НР Македонија, ДФЈ/ФНРЈ / Македонија | |||||
| |||||
| Главен град/седиште | Вратница | ||||
| Составни делови | Беловиште (1913-1941, 1952-1955, 1996-2005), Вратница (1913-1941, 1945-1955, 1996-2005), Јажинце (1952-1955, 1996-2005), Нераште (1952-1955), Одри (1952-1955), Орашје (1952-1955, 1996-2005), Првце (1913-1941, 1952-1955), Рогачево (1952-1955, 1996-2005), Старо Село (1952-1955, 1996-2005), | ||||
| Историја | |||||
| - | Основање на Општина Вратница | 1913 | |||
| - | Укинување на Општина Вратница | 1955 | |||
| - | Основање на Општина Вратница | 1996 | |||
| - | Укинување на Општина Вратница (со закон) / последно заседавање на општинскиот совет | 2004 / април 2005 | |||
| Население | |||||
| - | 1913 | 1.971 жит. | |||
| - | 1948 | 1.299 жит. | |||
| - | 1953 | 7.517 жит. | |||
| - | 2002 | 3.563 жит. | |||
| Управни единици | |||||
| - | Држава | Кралство Србија (1913-1915), Царство Бугарија (1915-1918), Кралство Југославија (1918-1941), ДФЈ/ФНРЈ (1945-1955), Македонија (1996-2004) | |||
| - | Република | ДФ/НР Македонија (1945-1955) | |||
| - | Покраина | Јужна Србија (1918-1922) | |||
| - | Бановина | Вардарска (1929-1941) | |||
| - | Округ | Скопски (1945-1955) | |||
| - | Област | Скопска (1922-1929) | |||
| - | Околија | Теаречка | |||
| - | Срез | Долнополошки (1913-1915, 1918-1941) | |||
| Денес во | Општина Јегуновце | ||||
Општина Вратница — поранешна општина во Долен Полог, Македонија, која постоела во периодот 1952-1955 и 1996-2005 година. Општината престанала да постои согласно Законот за територијална поделба од 2004 година на 12 април 2005 година, кога била припоена на Општина Јегуновце. Локалното и поширокото население не било задоволно од ова припојување. Седиште на општината било селото Вратница.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]1913-1915
[уреди | уреди извор]Општина Вратница за прв пат била основана во 1913 година, за време на Кралството Србија. Населени места во општината биле Беловиште, Вратница и Првце. Општината била дел од Долнополошкиот Срез, Битолски Округ.[2]
Кралство СХС/Југославија
[уреди | уреди извор]За време на новата држава Кралство СХС (подоцна под името Кралство Југославија), Општина Вратница продолжила да постои во рамки на Долнополошкиот Срез, и почнувајќи од 1929 година, во Вардарската Бановина.[3][4]
1945-1955
[уреди | уреди извор]Месниот народен одбор Вратница бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Теаречката Околија, Скопски Округ, а нејзино единствено населено место била Вратница. Согласно административната поделба од 1952 година, сега со називот, Општина Вратница, општината се проширила со селата Беловиште, Јажинце, Нераште, Одри, Орашје, Првце, Рогачево и Старо Село. Согласно административната поделба од 1955 година, Општина Вратница била укината и нејзината општинска територија припаднала на Општина Теарце.
1996-2004
[уреди | уреди извор]Согласно општинската поделба од 1996 година, Општина Вратница била обновена на сметка на намалената Општина Тетово. Нејзини населени места биле Беловиште, Јажинце, Орашје, Рогачево и Старо Село.[5] Според административната поделба од 2004 година, Општина Вратница била повторно укината на сметка на проширената Општина Јегуновце.[6]
Демографија
[уреди | уреди извор]Според последниот попис од 2002 година, општината имала 3.563 жители,[7] од кои:
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Закон за територијалната поделба на Македонија и определување на подрачјата на единиците на локалната самоуправа, "Сл. Весник на Република Македонија" бр. 49/96 од 14.09.1996 година“.
- ↑ Вујичиќ, Милорад Ант. (1914). Речник места у ослобођеној области Старе Србије по службени подацима (PDF). Државна печатница на Кралство Србија. стр. 22. Посетено на 24 октомври 2025.
- ↑ Никетиќ, Гојко, уред. (1931). Административни речник места Краљевине Југославије. Белград. стр. VIII, 27, 66, 178, 187, 287, 509, 661.
- ↑ Аранѓеловиќ, Тихомир Ј., уред. (1935). Именик-регистар насељених места Краљевине Југославије. 1. Белград: Министерство за војска и морнарица. стр. 51 (209), 120 (278), 277 (435), 293 (451), 445 (603).
- ↑ „Закон за територијалната поделба на Република Македонија и определување на подрачјата на единиците на локалната самоуправа“ (PDF). Службен весник на Република Македонија. 14 септември 1996. стр. 2759. Архивирано (PDF) од изворникот 3 ноември 2022. Посетено на 25 октомври 2025.
- ↑ „Закон за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија“ (PDF). Службен весник на Република Македонија. 16 август 2004. стр. 5. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 25 октомври 2025.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
