Групчин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Групчин
Групчин is located in Македонија
Групчин
Местоположба на Групчин во Македонија
Координати 41°58′4″N 21°7′49″E / 41.96778° СГШ; 21.13028° ИГД / 41.96778; 21.13028Координати: 41°58′4″N 21°7′49″E / 41.96778° СГШ; 21.13028° ИГД / 41.96778; 21.13028
Општина Coat of arms of Želino Municipality.svg Желино
Население 968 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1218
Надм. вис. 484 м. м
Групчин на општинската карта
Групчин во Општина Желино.svg

Атарот на Групчин во рамките на општината
Commons-logo.svg Групчин на Ризницата

Групчин е село во Општина Желино, во околината на градот Тетово. Според пописот од 2002 година, во селото имало 968 жители.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Групчин се наоѓа во Долни Полог. Селото лежи на горното течение на реката Суводолица. Селото е во близина на автопатот Тетово-Скопје, и во близина се селата Копачин Дол и Чифлик.

Историja[уреди | уреди извор]

Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К'нчов, селото во 1900 година имало население од 330 муслимани (Албанци).[1] Рускиот публицист Афанасиј Селишчев во 1929 година забележал дека селото било дел од истоимената општина и имало 40 куќи со 259 жители Албанци.[2]

Археолошки локалитети
  • Грамада - пештерно светилиште од доцноантичко време;
  • Мала Пештера - пештерно светилиште од доцноантичко време;

Демографија[уреди | уреди извор]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 968 жители. Следува табела на националната структура на населението[3]

Националност Вкупно
Македонци 0
Турци 0
Роми 0
Албанци 966
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
Други 2

Родови[уреди | уреди извор]

Групчин е албанско село.

Според истражувањата од 1940тите родови во селото се:

  • Скуре (20 к.) доселени се од некое место во областа Мат во Албанија. Ја знаат следната генеологија Челепи (жив на 55 год. во 1940тите) Џемаил-Муртезен-Мерсел, кој се доселил во селото.
  • Мајск (10 к.) и они се доселени заедно со родот Скуре од областа Мат во Албанија.
  • Авдиле (20 к.) потекнуваат од предокот Авдил, кој се доселил од некое место во Албанија.
  • Боче (9 к.) доселени се исто така од некое место во Албанија.[4]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Од старото православно население кое живеело во селото, а се иселило се знае само за родовите Терзиовци, Гинделовци и Шамаловци кои се иселиле во Македонски Брод во Порече.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 212.
  2. Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 24.
  3. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  4. 4,0 4,1 Трифуноски, Јован (1954). Скопски Дервен. Белград: Српски етнографски зборник. 

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]